Анимираниот филм Замрзнато дефинитивно успева да привлече сечие внимание, а откако ќе го гледате еднаш, ќе посакате уште еднаш, па уште еднаш… Лесно може да стане ваш омилен филм и да го знаете секој негов детаљ. Но, сигурно не сте ги знаеле овие скриени факти од зад сцената. Во продолжение прочитајте некои од нив.rnrn
rnrn1. Тим од 50 луѓе работеле на технологијата за сцената каде што Елса ја гради палатата од мраз. За да се создаде една рамка од сцената биле потребни 30 часа. Спротивно на тоа, на Елса во филмот ѝ требаат околу 36 секунди за да ја создаде целата палата.rnrn
rnrn2. Аниматорите биле на самит за сестринството за да разберат какви се односите помеѓу сестрите. Ова им помогнало да ја направат посилна врската помеѓу Ана и Елса.rnrn
rnrn3. Во една верзија на филмот, по крунисувањето, Ханс ѝ дал на Ана снежна топка, но идејата пропаднала.rnrn
rnrn4. Во почетокот постоела соблекувална помеѓу спалните соби на Ана и Елса. И покрај тоа што на публиката ќе ѝ било овозможено да гледа повеќе интеракција помеѓу двете сестри, аниматорите мислеле дека најдобро е да ги разделат, откако Елса случајно ја повредила Ана со нејзината моќ.rnrn
rnrn5. Официјалниот грб на кралството се нарекува качунка. Тој е симбол на повторното раѓање и пролетта, а гледачите постојано мислат дека тоа е само убав цвет.rnrn
rnrn6. Војводата од Веселтон првично бил замислен како кралски управувач на Ана и Елса, но, како што напредувала приказната, режисерите ја промениле неговата улога. Аниматорите требало да го одвлечат вниманието од Ханс, а војводата од Веселтон бил совршен за тоа.rnrn
rnrn7. Крис Вилијамс, кој го зборува ликот на Оакен, станал режисер на филмот Големиот херој 6 (Big Hero 6).rn
rnrn8. „Снежната кралица“, приказната на Ханс Кристијан Андерсен врз која се базира овој анимиран филм, првично била развиена од Волт Дизни во 1939 година.rnrn
rnrn9. Кога Ана станува целосно замрзната, може да се забележи снегулка, потписот на Елса, во нејзиното око.rnrn
rnrn10. Уметниците на Дизни морале да посетуваат курс по метеорологија, за да се запознаат со снегот и со формирањето снежни кристали.rnrn
rnrn11. Кога Сантино Фонтана бил на аудиција за улогата на Ханс, тој ја пеел песната „I Feel Pretty“ од филмот Приказна од западната страна (West Side Story).rnrn
rnrn12. Елса има повеќе влакна на косата отколку Рапанзел. Рапанзел можеби има околу 20 метри долга и блескава коса, но косата на Елса содржи 420.000 влакна.rnrn
12 факти што сигурно не сте ги знаеле за анимираниот филм Замрзнато (Frozen)
