Музичари и бендови што засекогаш ја променија рокенрол музиката

Музичари и бендови што засекогаш ја променија рокенрол музиката

Рок музиката започнала во педесеттите години од минатиот век, како спој на кантри и R&B музиката, но овој влијателен и првично контроверзен жанр ја покажал својата долговечност низ децениите коишто следеле. Во својата долга историја, рок музиката опфаќа повеќе движења и поджанрови, а таа постои и до ден денес со истата моќност како и во минатото. Погледнете кои музичари и бендови имаат најголемо влијание и кои се присутни во клучните епохи и движења во рамките на рокенрол музиката.

7 уметници и бендови кои засекогаш ја променија рокенрол музиката

1. Елвис Присли

Рокенрол музиката станала значајна културна сила во средината на педесеттите години од минатиот век, а најголема ѕвезда од овој период на формирање на овој вид музика бил Елвис Присли, чијшто сингл „That’s All Right (Mama)“ од 1954-та година честопати се појавувал во трката за прва искрена рок песна. Присли станал музичка и културна икона по низата успешни песни и контроверзни телевизиски настапи, каде што гледачите реагирале со презир и извици на воодушевување на неговите танцувања со колковите. Елвис Присли е олицетворение на раните денови на рокенролот, кога тој бил нова, но моќна културна сила која се разликувала од претходните жанрови.

2. Битлси

Американските рокери од педесеттите години добиле многу следбеници, особено од страна на младите Британци кои ги идеализирале нивните бунтовни стилови и музички сензибилитети. И покрај првичниот потсмев, Битлси биле трајна појава благодарејќи на нивното спојување со Еверли Брадрс.

3. Џими Хендрикс

Џими Хендрикс Експириенс е рок бенд формиран од страна на пејачот, текстописец и гитарист Џими Хендрикс, басистот и пратечки вокал Ноел Рединг и тапанарот Мич Мичел во 1966 година. Експериментирањето на Џими Хендрикс и современиците, дале повод за развивање на рок музиката, каде што изведувањата во живо добиле поголемо значење и на бендовите им било овозможено самите да истражуваат нови можности во рок музиката.

4. Лед Цепелин

Гитаристот Џими Пејџ е основач на Лед Цепелин. Бендот честопати ги имитирал мелодиите и текстовите од американските блуз-музичари, но тие се здобиле со меѓународна популарност. Лед Цепелин претставува долгогодишна традиција на блуз рок, како и прва генерација на хард рок и хеви метал, истовремено пионери на Блек Сабат. Тие создале музика која истовремено е достапна и комплексна, а нивните настапи во живо честопати биле осудувани.

5. Пинк Флојд

Без сомнение, Пинк Флојд е најпознатиот бенд кој се појавил од прогресивните рок движења во седумдесеттите години од минатиот век, а бендот буквално бил роден од психоделичните движења од шеесеттите години. Откако фронтменот Сид Берет ја напуштил групата поради болест поврзана со дрогата, членовите на Пинк Флојд се бореле за да најдат своја основа. Прогресивните рок бендови како што е Пинк Флојд, барале да ја прошират рок музиката во нешто повеќе што ќе биде експериментално и уметнички.

6. Клаш

Политичкото, како и музичкото движење, придонеле панк-рокот да биде многу влијателен во Англија, каде бендовите како што е Клаш, се воздигнале против воспоставувањето политички и социјални норми, користејќи пресвртнички текстови и остри звуци. Клаш започнал со експлозивен наплив на гнев, но тоа прераснало во нешто повеќе мелодично и авантуристичко, означувајќи го падот на движењето и подемот на експерименталните бендови кои се воздигнале од пепелта на панкот.

7. Соник Јут

Соник Јут објавиле импресивна низа албуми кои ги комбинирале традиционалните звуци со експериментирање кои честопати воделе во чиста бучава. Како и неговите современици, Соник Јат бил задолжен за естетиката и звуците на панкот, пост-панкот па дури и за новиот бран. Овој бенд претставува ера на рок музиката каде што повеќето интересни бендови биле потиснати, а Соник Јут брзо добивале фанови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар