Магични зимски фотографии од Финска под поларната светлина

Магични зимски фотографии од Финска под поларната светлина

Родена во убавата Лапонија, Финска, фотографката на природни пејзажи, Тина Торманен, секогаш има инспирација. Вистинското зимско чудо, финската Лапонија, е позната по своите снежни пејзажи осветлени од ѕвезденото небо и спектакуларната поларна светлина.

Магични зимски фотографии од Финска под северната светлина

Тина ја доловува оваа убавина со нејзините фотографии од пејзажи кои нудат увид во тоа како изгледа животот во Лапонија. Пријатната атмосфера, покриените ридови со снег, ирвасите кои минуваат низ ледините и замрзнатите водопади, едноставно ќе ве воодушеват.

„Мислам дека е убаво да им се покаже на луѓето оваа тивка убавина“, вели Тина. „И да се потсетат колку е прекрасна оваа планета и колку убавина има во самиот живот.“

Магични зимски фотографии од Финска под северната светлина

Торманен е родена во Лапонија, но во 1998 година таа се преселила во Хелсинки, каде што работела како готвачка (иако никогаш немала страст за работа во кујна) и како асистент во фотографско студио. На крајот, таа ја открила својата страст за фотографирање пејзажи и во 2010 година се вратила во Лапонија.

„Знаете, кога сте родени и израснати некаде, вашата околина е нормална и дури не размислувате за неа, туку ја прифаќате онаква каква што е“, објаснува таа на нејзиниот веб-сајт. „Но, по поминати 15 години во јужните градови, го видов северот во поинакво светло и бев дури повеќе импресионирана од убавината што ја имаме овде. Тоа беше долг пат, но еднаш откако ќе почнете да ги следите вашите страсти, тие на крајот ќе ве однесат некаде на убаво место.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар