КАФЕ ПАУЗА

Го употребувате ли вистинскиот шампон за вашата коса?

Written by

in

,

Колкупати ви се случило да купите шампон за коса за кој после одредено време сте сфатиле дека воопшто не ви одговара? Вашата коса пребрзо се мрсела, станала сува и испукана, немала волумен, имала премногу волумен и така натаму. Она што е многу важно при купувањето на шампон за коса, а истото важи и за регенераторот, е изборот на состојки кои ѝ одговараат на вашата коса и влакно. Еве на кои состојки би требало да обрнете внимание доколку сакате вашата коса да биде убава, здрава и баш онаква каква што вие посакувате.rnrn1-go-upotrebuvate-li-vistinskiot-shampon-za-vashata-kosa-www.kafepauza.mk_rn

Ако на вашата коса ѝ треба хидратација…

rnБарајте состојки како што се диметикон, кокосово масло и глицерин. Исто така, барајте шампон со чист протеин еластин, кој ја зајакнува косата. На овој начин вашата коса ќе добие одлична комбинација од хидратација и флексибилност.rn

Ако саката да ги истакнете вашите бранови и локни…

rnБарајте кремасти шампони што ќе го „замачкаат“ надворешниот слој на влакната. Барајте формули кои не изгледаат водени и оние кои не се пенат многу, што значи дека не содржат силни хемикалии кои на влакната би им го оштетиле надворешниот слој.rn

Ако сакате вашата коса да сјае

rnБарајте состојки во шампоните како што е екстракт од магнолија, кој не само што го измазнува надворешниот слој на влакното, туку и ја храни и хидратизира косата, што овозможува влакната природно да ја рефлектираат светлината.rn

Ако сакате повеќе волумен

rnБарајте формули кои во целост ја обезмастуваат косата, за таа да биде што е можно полесна. Шампоните секако мораат да содржат глицерин или колаген.rnrn2-go-upotrebuvate-li-vistinskiot-shampon-za-vashata-kosa-www.kafepauza.mk_rn

Ако сакате да ја скротите вашата коса

rnБарајте силни хидратантни шампони кои ќе ги измазнуваат прамените, но и ќе хидратизираат, односно ќе го намалат нивното разлетување. Барајте шампони и регенератори со аминокиселини со додаток на природен омекнувач на косата како што се маслото од јојоба или екстракт од сончоглед.rn

Ако сакате да го намалите мрсењето на косата

rnБарајте шампони со состојки како што се екстрактот од рузмарин или пеперминт. Тие состојки помагаат за полесно испарување на влагата од косата, без дополнително сушење на влакната.rn

Ако сакате вашата руса коса да изгледа посјајно и поздраво

rnБарајте хидратантни формули кои ги зајакнуваат и ги негуваат избелените прамени. Личностите кои имаат бојадисана руса коса, а не сакаат косата да им стане како слама, мораат да употребуваат шампони и регенератори наменети за руса коса. Исто така, постојат шампони со виолетов пигмент кои создаваат контраст и спречуваат косата да стане жолта.rn

Ако сакате поцврста коса

rnБарајте шампони кои содржат состојки кои го зацврстуваат влакното како што се протеин еластин, биотин и кератин.