КАФЕ ПАУЗА

5 работни вештини кои ќе бидат најбарани во 2017 година

Written by

in

,

Брзото менување на светската економија доведува до тоа многу луѓе да се запрашаат какви работни вештини им се потребни, со цел да пронајдат работа. Тука се бараат посебни способности кои ќе ги издвојат од другите и ќе им бидат потребни на многу работодавачи. Но, со брзото менување на технологијата и економијата, може да биде навистина тешко да се открие какви видови работници им се потребни на компаниите. Инвестирањето во себе во смисла на учење нови вештини, може да доведе до нови, непредвидливи можности, а со тоа и до поголема заработка. Погледнете кои вештини би биле најбарани на пазарот на труд во 2017 година.rnrn5 работни вештини кои ќе бидат побарувани во 2017 годинаrn

1. Социјални вештини

rnСоцијалните вештини стануваат сѐ позначајни во повеќето организации. Иако понекогаш овие вештини може да изгледаат како пречка за продуктивноста, сепак, како што минува времето, менаџерите и лидерите ја согледуваат нивната важност и како тие може да придонесат за обликување на работното место. Главната причина за ова е тоа што човекот не може целосно да биде заменет од машините и компјутерите. Колку повеќе е присутна автоматизацијата, а со тоа се ограничени и социјалните врски, толку повеќе ќе се зголеми нивната вредност.rn

2. Програми поврзани со индустријата

rnДоколку сте се определиле за одредена работа или индустрија во која сакате и планирате да работите, тогаш треба постојано да ги усовршувате вашите вештини. Пронаоѓањето и развивањето нови програми и софтверските вештини секогаш се предност при вработувањето.rn

3. Програмери

rnПрограмерите во кој било сектор се многу побарувани. Во овој случај конкретно се однесува на софтверски и веб-програмери кои се барани од страна на многу компании. Ако ова е она за што сте заинтересирани, тогаш само напред, вие сте на вистинскиот пат!rnrn5 работни вештини кои ќе бидат побарувани во 2017 годинаrn

4. Дизајнери

rnИсто како и програмерите, така и дизајнерите се особено побарувани. Тие може да бидат поразлични, како на пример графички дизајнер, софтверски дизајнер, дизајнер на игри, моден дизајнер и слично. Но, на светот му требаат дизајнери, а поконкретно веб-дизајнери. Овие вештини не само што ќе ви донесат работа, туку исто така ќе ви понудат и прилично висока плата.rn

5. Заштита на информации

rnДенес, многу често се случува да бидат пробиени податоците на многу луѓе, со тоа изложувајќи ги на ризик. Особено станува збор за големите корпорации или владини агенции, чиишто податоци се многу важни. Затоа, безбедноста на информациите е нешто што ѝ е потребно на секоја организација. Така, тоа значи дека организацијата има потреба од професионалци со посебни вештини и способности.