Дали љубовта може да го преживее притисокот на војната?
rn
Режија: Роберт ЗемекисrnrnУлоги: Брет Пит, Марион Котијар, Џеред ХарисrnrnВреметраење: 124 минутиrnrnПремиера: 1 декември 2016rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: акција, драма, романсаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnДејството започнува во 1942 година со пристигнувањето на канадскиот агент за разузнавање, Макс Ватан, во Казабланка. Тој се запознава со Мариен Бојсежур, борец од францускиот отпор, која набрзо ќе стане негова партнерка на опасна мисија. Нивните наредби се да глумат дека се во брак со цел да не предизвикаат сомнежи додека се подготвуваат за мисијата. Со оглед на тоа што уште од првиот момент кога ќе се здогледаат се чувствува силна хемија меѓу нив, како и фактот дека толку длабоко ќе се посветат на својата улога како сопружници, беше едноставно неизбежно дека вистински ќе се заљубат. И покрај тоа што изгледа како нивните емоции да им го одвлекуваат вниманието, сепак тие успеваат да ја завршат својата мисија успешно.rnrn
rnrnНо, нештата не сопираат тука. Додека бегаат, Макс ја запросува Мариен и таа среќно ја прифаќа неговата понуда. Тие се враќаат во Лондон, каде што нивниот живот како да започнува од почеток – стапуваат во брак, Макс добива позиција во британската разурнувачка служба, а Мариен станува мајка. И од сите настани досега, има само еден момент што ќе ви се вреже во мислите, терајќи ве до самиот крај да се запрашувате дали Мариен е тоа што Макс и сите ние мислиме дека е. За време на свадбата, таа се насмевнува на многу чуден начин, давајќи ни до знаење дека можеби нејзината мисија сè уште не е завршена…rnrn
rnrnНашите размислувања се потврдуваат откако Макс ќе добие предупредување дека постои сомнеж за лојалноста на неговата сопруга и дека има шанса таа да е германска шпионка. Тој набрзо добива нова мисија – да ја разоткрие вистината за својата сопруга и ако таа навистина е шпион, самиот да ја убие. Доколку не ја изврши својата мисија, му се заканува бесилка. Од овој момент дејството почнува да го следи Макс и до самиот момент нè држи во неизвесност. Перформансот на главните актери, Бред Пит и Марион Котијар, е едноставно беспрекорен и во комбинација со начинот на кој се раскажува оваа приказна добиваме богат и моќен филм што едноставно не смеете да го пропуштите!
