12 мажи откриваат дали би биле со личност која е интроверт или екстроверт
Некои личности се спремни за забава, додека пак други сакаат повеќе време да поминуваат во својот дом. Некои полесно запознаваат пријатели, а други имаат проблеми со тоа. Според ваквите и слични особености, сите луѓе може да се поделат на екстроверти и интроверти. Без разлика кој тип сте, вие имате и добри и лоши карактеристики. Но, што кога станува збор за љубовта? Ваквите ставови се секако индивидуални, а во продолжение погледнете што мислат на оваа тема неколку мажи.
„Јас сум интроверт, па би сакал да бидам со личност која е спротивното. Таа би можела да биде одговорна за забавите и слични работи и тоа ќе направи да бидам поотворен. Би можеле да се балансираме еден со друг.“ – Крис, 29 години
„Повеќе би сакал да се состанувам со екстровертна личност, затоа што знам дека ќе биде во можност да разговара и да се чувствува удобно со луѓето во мојот живот. Ако е интроверт, таа ќе биде премногу срамежлива и непријатна, а јас не можам да се справам со тоа во врската.“ – Макс, 26 години
„Интроверт. Комплетно. Се сметам себеси за интроверт и навистина застрашувачко за мене е да се состанувам со некој кој зборува со многу луѓе и има еден куп пријатели. Тоа е добро а нив, но јас сакам да имам мал круг пријатели и да не бидам принуден да излезам со нив кога тие зборуваат со секого околу нас. За мене е исцрпувачки да бидам околу вакви случувања.“ – Дени, 22 години
„Чувствувам дека на мојата екстровертност ѝ треба личност што исто така е екстроверт. Сакам да бидам опкружен со група луѓе, да излегувам и да правам многу работи, а тоа е тешко кога вашиот партнер не е таков. Постојат многу ноќи кога не сакам ништо повеќе од гушкање во креветот, гледање филмови на Нетфликс и да бидам со личноста со која сум, но исто така сакам караоке, да летам во затворен простор, да одам во барови, да се приклучам на лига за одбојка и други интерактивни настани. Би сакал да се придружам на лигата заедно со мојата девојка, да пееме караоке дует, или да танцуваме, но доколку се состанувам со интровертна личност, овие работи ќе ми бидат многу потешки.“ – Мајк, 27 години
„Искрено, сакам девојка која е мешавина од двете. Би можело да ви биде удобно да излезете и да правите некои работи, но не би требало да бидете луди за тоа. Нешто на средината е совршено.“ – Били, 20 години
„Мислам дека идеалната врска е со некој кој е ист како вас. Доколку сакате ноќите во петок да ги поминете во некој бар и сте со девојка која сака да остане дома, никогаш нема да функционирате. Исто и обратно. Ви треба некој кој ќе ве разбира што сакате и нема да настојува да бидете нешто што не сте. По мое мислење, тоа е едноставно.“ – Џек, 31 година
„Сакам екстроверт. Точка. Овие девојки се многу забавни.“ – А. Ј., 22 години
„Ова е тешко прашање. Постои нешто посебно ако сте во врска со девојка која е иста како вас. Но не можете да бидете целосно исти, затоа што вашата врска ќе биде премногу досадна. Мислам дека треба да пронајдете некоја која го сака тоа што вие го сакате, спремна за излегување или срамежлива исто како вас, но исто така да биде подготвена да биде повеќе интровертна или помалку екстровертна или што и да е спротивното.“ – Тони, 19 години
„Бев во сериозна врска со двата типа и искрено повеќе сакам интровертна личност. Тој вид девојка не се обидува да привлече внимание од секој маж кој поминува. Таа е девојка која е покрај вас. Да, таа е тивка, но знаете дека е верна и дека не е обидува да биде пред сите цело време.“ – Дени, 22 години
„За мене секогаш било предност да бидам со некоја како мене. Сакам некоја што е енергична и среќна, некоја што може да разговара со луѓето покрај мене, како што е семејството или пријателите кои не ги познава. Интровертите се посебни на свој начин, но мислам дека екстровертите се дефинитивно подобри.“ – Џејмс, 25 години
„Двете. Таа е основно девојка.“ – Кевин, 24 години
„Јас сум голем интроверт. Понекогаш го мразам тоа, но таков сум. Мислев дека сакам да бидам со интроверт, но по раскинувањето со екстровертна личност сфатив дека тоа е видот жена со која треба да бидам. Некоја која ќе ме изнесе од мојата зона на удобност и ќе ме дигне од каучот. Некоја која ќе ме направи подобар маж.“ – Бил, 35 години