Малите кученца бараат посебна нега и внимание. Но, од друга страна, тие ви нудат многу прекрасни и незаборавни моменти. Еднаш откако ќе станете блиски со вашите мали крзнени пријатели, речиси невозможно ќе ви биде да се одвикнете од нив. Во продолжение погледнете со што сѐ ќе се соочите кога ќе се одлучите вашиот живот да го надополните со мало кученце.
rn
1. Ќе бидете физички поактивни
rnКога нема да биде во длабок сон, малото крзнено пријателче ќе сака постојано да трча и да си игра. Со него деновите ќе ви поминуваат неосетно, а притоа ќе имате и поголема физичка активност, што секако е од голема корист за вашето здравје.rn
2. Ќе бидете многу уморни
rnМалите кученца имаат мал мочен меур, па сигурно веќе погодувате кој ќе се буди со нив во текот на ноќта. Па, подгответе се за неколку бессони ноќи.rn
3. Најверојатно малку и ќе плачете
rnМалото кученце ќе стенка и ќе цимоли, а вие ќе се чувствувате по малку нервозно околу тоа. Не срамете се да пуштите и неколку солзи.rn
4. Лесно ќе се изнервирате
rnМожеби вашиот миленик е најслаткото нешто во светот, но ќе постојат моменти кога ќе бидете изнервирани од него, како што е на пример нередот со храната или џвакањето многу ваши омилени работи во домот. Наместо да бидете нерасположени, обидете се да сфатите дека тоа е само бебе и не знае како подобро да се однесува.
rn
5. Ќе потрошите многу пари
rnПосетите на ветеринар, храната, па и играчките наменети за малиот крзнен пријател, нема да ве чинат евтино.rn
6. Ќе почнете да зборувате со бебешки глас
rnОткако ќе се зближите, честопати на вашето кученце ќе му се обраќате со бебешки глас. Најверојатно ќе почнете да зборувате и со некои луѓе како тие да се четвороножни животни.rn
7. Ќе се чувствувате лошо кога ќе треба да излезете од дома
rnПрвите неколку недели (а можеби и месеци), вашето куче ќе плаче секогаш кога ќе ја напуштите куќата, а вие може да почувствувате вина поради ова.rn
8. Нема да паметите каков ви бил животот пред да го имате кученцето
rnНормално, сега животот ви е многу, многу поубав!

