Нашето расположение е лесно променливо во текот на денот, па токму затоа и ни беше навистина занимливо да откриеме дека постои одреден вид храна што научно докажано го подобрува расположението и нè прави посреќни. Кога ќе се чувствувате лошо или нерасположено, сметајте ја оваа храна (што сигурно веќе ја имате во кујната) како еден вид „среќни апчиња“ кои ви ги препишала Мајка природа. Во продолжение дознајте кои 7 намирници нè прават посреќни и уверете се и самите дали навистина ќе ви го подобрат вашето расположение.rnrn
rn
1. Бадемите и останатите јаткасти плодови
rnЕдна од клучните состојки за добро расположение е магнезиумот, а добрата вест е тоа што бадемите, индиските ореви и кикиритките се полни со него.rn
2. Црно чоколадо
rnКренете рака ако сакате чоколадо. Сега слободно скокајте по собата од среќа, бидејќи имате одличен изговор зошто би требало да го јадете секојдневно. Науката вели дека тоа нè прави посреќни и не можеме да кажеме дека тоа нè изненадува.rnrn
rn
3. Јогурт
rnНаредниот пат кога ќе се почувствувате лошо и безволно, испијте една чаша јогурт. Докажано е дека пробиотиците од јогуртот го намалуваат нивото на стрес во телото.rn
4. Острига
rnНајверојатно на сите од нас, остригите ни се познати како афродизијак. Поради големата количина на цинк што ја содржат, го држат нашиот имунолошки систем здрав, а нашето расположение на високо ниво.rn
5. Кафе
rnВашата утринска шолја кафе и тоа како може да биде добра за вашето целокупно расположение во текот на тој ден! Истражувањата покажаа дека оние што во текот на денот пијат од две до три шолји кафе со кофеин имаат драстично помалку депресивни денови од оние што, на пример, пијат само една шолја дневно. Никако не ви препорачуваме да претерувате со кафето, бидејќи тоа исто така има свои негативни последици, но сега барем знаете зошто вистински уживате во пиењето на оваа топла напивка.rnrn
rn
6. Лосос
rnЛососот ќе го пронајдете на сите листи со здрава храна и тоа со добра причина. Неговите омега-3 масни киселини ги одржуваат здрави функциите на мозокот и токму поради тоа е поврзан со доброто расположение и со борбата против депресијата. Не сте фан на риба? Спанаќот и семето чиа, исто така се богати со добри масни киселини.rn
7. Зелен лиснат зеленчук
rnКога вашата мајка како помали ве терала да јадете многу зелен зеленчук, не ви мислела лошо! Кељот, спанаќот и марулата можат неверојатно да ви го подобрат расположението. Богати се со калциум, поради што совршено ќе ви ги урамнотежат промените на расположението карактеристични за периодот на ПМС. Плус: Содржат витамини кои го поттикнуваат создавањето на серотонин – хормонот за среќа!rnrn