Ако нешто не е во ред со вашиот организам, телото ќе ви го каже тоа. Меѓутоа, ако ги игнорирате овие знаци, како што луѓето најчесто прават, симптомите можат да прераснат во сериозен здравствен проблем. Еве кои се тие сигнали кои ви посочуваат дека на вашето тело му е потребна помош.
rn
1. Проблеми со спиењето, нервоза и грчеви во нозете
rnДоколку ве мачат овие проблеми, тогаш треба да консумирате повеќе храна која е богата со магнезиум и калиум, како што е ленено семе, семе од сончоглед, бадеми, спанаќ, кељ, цвекло, сливи и кајсии.rn
2. Преголема желба за солена храна
rnОва посочува на инфекција или воспаление некаде во телото, особено ако се работи за воспаление на урогениталниот тракт. Обидете се со некој природен антибиотик што го лечи воспалението на мочниот меур.rn
3. Сува кожа
rnВашата кожа треба да има повеќе витамин Е и треба да го зголемите внесувањето на растителни масла, риба и ореви.rn
4. Преголема желба за слатки работи
rnОва може да биде знак на исцрпеност на нервниот систем, па на вашето тело му треба повеќе гликоза за да одржува енергија. Во моментите кога ќе почувствувате неодолива желба за слатки работи, подобро е да внесете малку мед или темно чоколадо, со цел да ги избегнете проблемите со гастроинтестиналниот тракт.rn
5. Крвавење на непцата
rnВо овој случај морате да пиете повеќе чај и да јадете повеќе овошје, бидејќи тоа крвавење е знак дека ви недостасува витамин Ц. Богати извори на витамин Ц се лукот, овошјето и зеленчукот. Исто така треба да пиете и повеќе чаеви.
rn
6. Сува кожа на лактите
rnОва упатува на недостаток на витамин А и Ц. Консумирајте повеќе портокали, кајсии, моркови и тикви.rn
7. Зголемена желба за морска храна
rnУкажува на недостаток на јод во организмот.rn
8. Голема желба за кисела храна
rnНа вашиот организам му треба храна која ќе ја зголеми работата на жолчката и црниот дроб. Додајте повеќе лимон и брусница во вашата исхрана.rn
9. Кршлива коса и нокти
rnОва упатува на недостаток на витамин Б и калциум. Консумирајте повеќе млеко, компир, мешунки и слично.rn
10. Преголема желба за сирова храна
rnДоколку сте желни за сирова храна, тоа може да укажува на проблеми со црниот дроб или гастритис. Сировата храна ќе ги ублажи грчевите и ќе го смири желудникот.

