­
Љубов, доверба, гордост и многу повеќе: 35 подароци кои вашето дете никогаш нема да ги заборави

Љубов, доверба, гордост и многу повеќе: 35 подароци кои вашето дете никогаш нема да ги заборави

Во денешно време, поголемиот дел од децата имаат куп играчки, па многу е тешко да ги импресионирате со нешто ново. Сепак, мора да знаете дека најубавите подароци не доаѓаат од продавниците! Ова е листа од најдобрите подароци кои родителите може да им ги подарат на своите деца. Колку од нив имате подарено досега?

1-ljubov-doverba-gordost-i-mnogu-povekje-35-podaroci-koi-vasheto-dete-nikogash-nema-da-gi-zaboravi-www.kafepauza.mk_

1. Афирмација

Понекогаш еден единствен збор за афирмација може да го помени целиот живот. Па, осигурете се дека вашето дете знае колку многу го цените. И потоа, потсетувајте го на ова во секоја можна прилика.

2. Прегратки и бакнежи

Можеби имате видено родители кои им велат на своите млади деца дека тие се стари за бакнежи. Зарем тоа не ве растажило? Имајте на ум дека вашето дете никогаш нема да биде премногу старо за вашата љубов.

3. Заеднички оброци

Оброците претставуваат сигурна можност за воспоставување врска, каква што не може да се најде на никое друго место. Толку многу, што слободно може да се каже дека семејството кое не јаде заедно, не расте заедно.

4. Смисла за хумор

Смејте се со вашето дете секојдневно… за ваше и нивно добро.

3-ljubov-doverba-gordost-i-mnogu-povekje-35-podaroci-koi-vasheto-dete-nikogash-nema-da-gi-zaboravi-www.kafepauza.mk_

5. Способноста да гледа убавина во сè

Помогнете му на вашето дете да пронаоѓа убавина во сè што ќе види… и во секого што ќе го запознае.

6. Простор за правење на грешки

Децата се деца. Тоа е она што ги прави толку многу забавни… и толку очајно им е потребно вашето трпение. Дајте им простор да експериментираат, да истражуваат и да прават грешки.

7. Стабилност

Стабилниот дом станува темел на кој децата го изградуваат остатокот од нивниот живот. Тие треба да го знаат своето место во семејството, на кого може да веруваат и кој ќе биде тука за нив. Немојте да ги менувате овие работи.

8. Поттикот за постигнување на големи работи

Охрабрете го вашето дете да сонува големи соништа. За возврат, тоа ќе постигне многу повеќе отколку што мисли дека може, а најверојатно и многу повеќе отколку што вие мислевте дека е возможно.

6-ljubov-doverba-gordost-i-mnogu-povekje-35-podaroci-koi-vasheto-dete-nikogash-nema-da-gi-zaboravi-www.kafepauza.mk_

9. Време

Дарот на времето е еден вид подарок што никогаш не може да се врати или пак да се земе назад. Па затоа, размислете внимателно кој (или што) го добива вашето време.

10. Неподелено внимание

Ова може да ви изгледа како ништо, но е навистина важна работа. Секогаш бидете покрај нив, и никогаш не ја испуштајте можноста да комуницирате со вашите најмали.

11. Сочувство

Животот не е фер. И никогаш нема да биде – постојат толку многу варијабли. Но, кога грешката ќе биде направена или полето на игра ќе биде израмнето, би требало да сакате вашето дете да биде активно во помагањето да го надминете тоа.

12. Задоволство

Потребата за повеќе е заразна. Затоа, еден од најдобрите подароци кои можете да им ги подарите на вашите деца е благодарноста и задоволството со тоа што го имаат…

13. Љубопитност

Научете ги вашите деца да поставуваат прашања од типот кој, што, каде, како, зошто и зошто да не. „Престани да прашуваш толку многу прашања“, се зборови што никогаш не треба да излезат од устата на еден родител.

14. Определување

Еден од најголемите одлучувачки фактори за нечиј успех е големината на нивната волја. Како може да помогнете за растењето на вашето дете денес?

15. Дисциплина

Уште од мали децата треба да научат скоро сè, вклучувајќи ги и соодветните однесувања. Поточно, како да се согласуваат со останатите, како да добиваат резултати, и како да ги постигнуваат своите соништа. Дисциплината не треба да се избегнува или да се задржува. Наместо тоа, таа треба да биде конзистентна и позитивна.

2-ljubov-doverba-gordost-i-mnogu-povekje-35-podaroci-koi-vasheto-dete-nikogash-nema-da-gi-zaboravi-www.kafepauza.mk_

16. Охрабрување

Зборовите се моќни. Тие може да создадат или да уништат. Едноставните зборови што ќе изберете да ги кажете денес, може да понудат охрабрување и позитивни мисли за едно дете. Или вашите зборови може да го пратат во очај. Избирајте ги внимателно!

17. Желба за создавање

Со доаѓањето на Интернетот, секој од нас кој сака да создаде нешто… и може да го стори тоа. На светот му се потребни повеќе луѓе кои сакаат да создаваат.

18. Великодушност

Научете го вашето дете да биде дарежливо со вашите работи, така што тоа во иднина ќе стане дарежливо и со неговите.

19. Духовност

Би било мудро да го научите вашето дете дека тоа е многу повеќе од крв и месо. Тоа е исто така направено до ум, срце, душа и волја. И неговите одлуки во животот би требало да се засноваат на повеќе од она што би го направиле сите останати од крв и месо.

20. Чесност и интегритет

Децата кои учат за вредностите и важноста на чесноста во своите рани години имаат поголема шанса да станат чесни луѓе. И чесни возрасни кои искрено ќе се справат со другите, кои ќе се чувствуваат подобро во врска со себе, кои ќе уживаат во својот живот, и кои ќе спијат подобро.

4-ljubov-doverba-gordost-i-mnogu-povekje-35-podaroci-koi-vasheto-dete-nikogash-nema-da-gi-zaboravi-www.kafepauza.mk_

21. Надеж

Надежта е знаење и верба дека работите ќе станат подобри. Тоа создава сила, издржливост и решителност. И во очајните тешки времиња од животот, таа нè повикува да продолжиме понатаму.

22. Имагинација

Ако сме научиле нешто во текот на изминатите 20 години, тоа е дека животот се менува побрзо и побрзо во секој изминат ден. Утрешниот свет воопшто нема да изгледа како денешниот. И луѓето со имагинација се оние кои не само што го живеат, туку и оние кои го создаваат.

23. Намера

Забавете, погледнете кои сте, каде одите, и како да стигнете таму. И сторете го истото за секое од вашите деца.

24. Доживотно учење

Страста за учењето е поразлична од учењето за да се добие добра оцена или да се задоволи наставникот. Таа започнува од домот. Па затоа научете го вашето дете да чита, да поставува прашања, да анализира и да изложува. Со други зборови, научете го да сака да учи за себе.

25. Грижа за природата

Децата кои се учат да го ценат светот околу себе, започнуваат да се грижат за истиот. Како родител, најверојатно честопати ги замолувате вашите деца да ги одржуваат нивните соби чисти, уредни и организирани. Зарем не би требало да ги научите истото да го практикуваат и надвор, со тоа што ќе го одржуваат светот чист и уреден?

26. Можности

На децата им се потребни можностите за да доживеат нови работи, и на тој начин да дознаат во што тие уживаат и во што се добри. И спротивно од популарното верување, тоа не мора да бара многу пари.

27. Оптимизам

Песимистите не го променуваат светот. Оптимистите го прават тоа!

28. Гордост

Славете ги малите нешта во животот. После сè, тоа е мало достигнување во животот кое подоцна станува големо.

5-ljubov-doverba-gordost-i-mnogu-povekje-35-podaroci-koi-vasheto-dete-nikogash-nema-da-gi-zaboravi-www.kafepauza.mk_

29. Да се залага за мирот

Во светски размери, можеби мислите дека ова е надвор од вашите раце. Но, во однос на луѓето околу вас, тоа е токму во вашите раце. И ова е добро место за почеток.

30. Самодоверба

Луѓето кои научиле да се ценат себеси имаат поголема самодоверба и самопочит. Како резултат на тоа, поголема е веројатноста тие да станат возрасни кои ќе ги почитуваат своите вредности и ќе се држат до нив, дури и кога никој друг нема.

31. Уникатност

Тоа што нè прави поразлични е тоа што нè прави посебни. Уникатноста овде не треба да биде сокриена. Таа треба да биде гордо покажана за да ја види целиот свет, да ја цени и да ужива.

32. Вашиот скут

Тоа е најдоброто место во целиот свет за читање книга, раскажување приказна или за разговор. И тоа место е пред вас целото ова време.

7-ljubov-doverba-gordost-i-mnogu-povekje-35-podaroci-koi-vasheto-dete-nikogash-nema-da-gi-zaboravi-www.kafepauza.mk_

33. Добредојден дом

Да се знае дека секогаш може да се вратиме дома е едно од најмоќните емоции. Дали вашиот дом живее во вашето дете?

34. Лојалност кон вашиот брачен другар

Довербата вклучува многу повеќе од само нашите тела. Таа ги вклучува и нашите очи, умот, срцето и душата. Посветете се себеси целосно на вашиот сопружник.

35. Љубов

Најголемата работа која можете да им ја дадете е љубовта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар