Креативни деверици: Нивната здравица инспирирана од Дизни песните ќе ве остави без зборови!

Креативни деверици: Нивната здравица инспирирана од Дизни песните ќе ве остави без зборови!

Доколку сакате волшебна и музичка здравица на вашата свадба, препуштете им ја задачата на љубителите на Дизни филмовите. Венчавката на Сузи Кастил немало да биде иста без здравицата на нејзините сестри, Сара и Наоми, кои смислиле оригинален говор во вид на песна инспирирана од најпознатите Дизни песни.

Креативни деверици: Нивната здравица инспирирана од Дизни песните ќе ве остави без зборови!

Музичката здравица претставувала комбинација од песните што ги пеат ликовите во цртаните филмови „Убавицата и ѕверот“, „Мулан“, „Кралот Лав“ и „Аладин“.

„Меѓу нас постои силна сестринска врска која ни е многу важна на сите три. Кога сме заедно, просторијата веднаш одекнува со смеа и сите нѐ забележуваат“, изјавила Сара.

Креативни деверици: Нивната здравица инспирирана од Дизни песните ќе ве остави без зборови!

Невестата, а и сите присутни биле изненадени и воодушевени.

„Сузи се смееше од шестка до шестка за време на нашиот настап, а ние знаевме дека сака да дојде и да ни се придружи. Можете да ја чуете како потпевнува заедно со придружните вокали“, опишува Сара.

Невестата не можела да престане да се смее за време на здравицата.

Креативни деверици: Нивната здравица инспирирана од Дизни песните ќе ве остави без зборови!

Овие сестри го наследиле талентот за пеење од нивната мајка која била оперска певица.

„Постојано пееме. Додека растевме музиката беше многу значаен дел од нашиот живот. Кога бевме мали, пеевме заедно со сите најпознати Дизни ликови. Ги знаеме сите песни на памет! Јас и Наоми исто така многу се интересиравме за музичкиот театар“, објаснува Сара.

Здравицата одлично се вклопила во целата венчавка, бидејќи невестата и сестра ѝ Сара имаат компанија која се вика Crowned Princess Entertainment. Имено, тие настапуваат како принцези на детски роденденски забави и слични настани.

Креативни деверици: Нивната здравица инспирирана од Дизни песните ќе ве остави без зборови!

Со оглед на тоа што Наоми живее подалеку, договорите околу здравицата ги вршеле преку имејл. Кога Наоми дошла неколку недели пред венчавката, го довршиле текстот и почнале со вежбање.

„Тешко беше да се крие нешто од сестра ни, така што бевме доста ограничени во поглед на време и места за вежбање. На пат кон свадбата исто така ја вежбавме здравицата. Многу бевме среќни што настапот на самата венчавка беше нашата најдобра изведба!“, возбудено објаснува Сара.

Креативни деверици: Нивната здравица инспирирана од Дизни песните ќе ве остави без зборови!

Погледнете го волшебниот настап на овие сестри и уживајте во нивниот талент и позитивна енергија…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар