КАФЕ ПАУЗА

Најчестите манипулативни фрази што ги користат лошите луѓе

Најчестите манипулативни фрази што ги користат лошите луѓе

Written by

in

,

Манипулативните луѓе знаат што да кажат, како да кажат и на кого да кажат нешто. На овој начин го добиваат тоа што го сакаат од другите. Проблемот е тоа што нив воопшто не им е грижа за туѓите чувства и животи. Ако имате работа со ваква личност, важно е да ги знаете фразите кои најверојатно ќе ги употреби на вас.rnrnНајчестите манипулативни фрази што ги користат лошите луѓеrn

1. „Не претерувај“

rnМногу често овие луѓе ќе ви речат дека претерувате кога сакаат нешто од вас. Притоа ќе се обидат да се постават како ништо да не ви побарале. Немојте да им попуштате, вие не претерувате. Тие сакаат да ве искористат за да ги задоволат своите потреби, па ако вашиот инстинкт е да им кажете „не“, сторете го тоа.rn

2. „Не биди драматичен/на“

rnПокрај тоа што ќе ви речат дека претерувате, ќе ве обвинат и дека сте премногу драматични. За жал, ова сценарио е веќе драматично штом таа личност се обидела да влезе во вашиот живот за да го добие она што ѝ е потребно. Важно е да сфатите дека тие се оние драматичните и да не подлегнувате на нивната игра.rn

3. „Не биди толку чувствителен/на“

rnСо оваа фраза манипулативните луѓе веќе покажуваат дека не им е грижа за вашите емоции и за вашата ситуација. Без разлика што е она што го бараат од вас, нема потреба да им објаснувате зошто вие не им го давате. Нема потреба да ѝ помагате на личност која не се грижи за вас. Вашите чувства се важни и ако ви кажуваат дека не треба да ѝ помагате на таа личност, слушајте ги.rn

4. „Не биди луд/а“

rnАко оваа личност има смелост да ве нарече луди, потребно е веднаш да се справите со тоа. Немојте да се заплеткувате во нејзините игри без разлика што ви вели. Ако се однесувате „лудо“ и тоа е рационален одговор на нивните желби и потреби, тогаш веројатно постои и причина за тоа.rn

5. „Не ме разбирај погрешно“

rnОваа фраза често ја користат за крај. За жал, не постои друг начин да го сфатите нивното барање. Тие веќе ве сфатиле погрешно вас и ќе ве вознемируваат за нивна корист. Ништо не сте разбрале погрешно и не ѝ должите ништо на таа личност.rnrnПогледнете кои се знаците дека некој манипулира со вас.