Далеку од тоа дека здравите производи никако не можат да бидат и вкусни, а следнава листа ќе ве увери во тоа. Освен тоа, кога ќе ги јадете овие комбинации заедно, „во пар“, ќе добиете максимален вкус и максимално здравје. Па, испробајте ги веднаш!rn
Јаболка + црна чоколада
rnОваа комбинација не е нешто што е традиционално, но, зошто да не? Јаболката содржи специјални ензими, а црното чоколадо содржи антиоксиданси кои споени заедно го јакнат имунитетот, ги стимулираат мозочните активности, го штитат срцето и крвните садови и го намалуваат ризикот од рак.rn
Овесна каша + цеден портокал
rnОваа комбинација е одличен извор на фенол, кој го подобрува варењето и го поттикнува чистењето на организмот од штетните материи и токсините.rn
Свинско месо + прокељ
rnСвинското месо е премногу масно за да се јаде секојдневно, но е богато со селен кој е одличен за нашиот имунитет. А кога се јаде заедно со прокељ, ефикасноста на селенот се зголемува дури за 13 пати.rn
Патлиџан + џигер
rnНедостатокот на железо во организмот води до изнемоштеност, замор, забавен метаболизам и проблеми со срцето и крвните садови. Железото од џигерот не може да се апсорбира толку добро без витаминот Ц, а тука настапува доматот.rn
Магдонос + лимон
rnМагдоносот е полн со железо, а лимонот со витамин Ц. Веќе научивме дека апсорпцијата на железото е поефикасна со витамин Ц. Затоа вашиот имунолошки систем ќе биде појак, но и метаболизмот побрз.rn
Зеленчук + јогурт
rnПриродниот јогурт е полн со калциум кој ги подобрува стомачните функции. Во комбинација со морков или целер, кои се богати со влакна, вашиот организам ќе добие „екстра“ калциум.rn
Зелен чај + лимон
rnВитаминот Ц го зголемува дејството на зелениот чај – долговечност и силен имунолошки систем.rn
Домат + маслиново масло
rn„Ова е вкусна комбинација која ќе ги спречи кардиоваскуларните проблеми“, велат Италијанците. Ликопенот од доматот ја подобрува работата на срцето и крвните садови, а го спречува и развојот на малигни тумори. Во комбинација со маслото, тој се апсорбира уште полесно.rn
Месо + рузмарин
rnДинстуваното или вареното месо е полно со протеини. Ако пак се пржи или пече, можен е развој на канцерогени соединенија. Но, антиоксидансите од рузмаринот ќе го спречат тоа, поточно задолжително ставете го овој зачин заедно со месото кога ќе го приготвувате на овој „спорен“ начин.

