Колку пати ви се случило да извадите едно парче облека од гардероберот, а сè останато да остане во тотален хаос, поради што веќе наредното утро не можете баш така лесно да го пронајдете она што ви е потребно? Организираноста во гардероберот е половина работа за добриот стил, бидејќи кога не можете толку лесно да ги пронајдете парчињата облека што ви се потребни, тогаш исчезнува волјата и желбата за создавање добра модна комбинација. Затоа овие совети многу ќе ви помогнат во тоа секогаш да имате уреден и организиран гардеробер.rnrn
rnrn1. Шаловите и марамите често се наоѓаат во некои кеси, кутии, односно секаде по гардероберот, поради што е многу тешко да се пронајдат. За полесно организирање, заврзете ги на закачалка, па така секогаш ќе имате добра прегледност и ќе ви биде потребна секунда за да го одберете оној што ви е потребен.rnrn
rnrn2. Бидејќи сезоната е есен/зима, најмногу се носат чизми. Особено кога се високи, тие знаат да заземат многу место откако ќе ги собуете и „расфрлате“ на сите страни. За подобро да ги организирате чизмите, земете валјак од стиропор и вовлечете го во нив. Тој ќе ги држи чизмите исправени, па ќе заземаат помалку простор, но и нема да се прекршуваат.rnrn
rnrn3. Користете кутии за организирање на долната облека и градниците. Освен тоа што секогаш ќе бидат на едно место, на пример во некоја фиока, исто така лесно ќе го пронајдете она што ви е потребно, бидејќи сè е убаво сортирано во преградите.rnrn
rnrn4. Доста простор ќе заштедите ако некои работи, како што се маиците, марамите и слично ги завиткате во ролни, односно ги наредите исправено во некоја фиока. Освен заштедениот простор, ќе можете и полесно да го пронајдете она што ви е потребно.rnrn
rnrn5. Кога ги закачувате закачалките во гардероберот, многу брзо снемува простор за повеќе. Затоа, трикот со отворачот за конзерви е вистинското решение. Ставете го едниот отвор на едната закачалка, додека во другиот отвор закачете ја втората. Со овој трик ќе заштедите доста место, но и нема да морате да закачувате повеќе работи на една закачалка. Истиот трик можете да го направите и со пластични прстени, кои работат на истиот принцип.rnrn
rnrn
rnrn6. Искористете ја закачалката за бања, која има поголем број џебови, за организација на шминката. Ставете ги лаковите по боја во џебовите, со што секогаш лесно ќе го пронајдете оној кој ви е потребен за тој ден, без никакво губење време.rnrn
rnrn7. Во секој женски гардеробер има голем број панталони и фармерки. Тие секогаш заземат голем дел од просторот, бидејќи кога ќе се здиплат и наредат потребни се повеќе полици. Но, можете да ги закачите на алки, кои се навлекуваат на шипка, односно работат по принципот на закачалки, што значајно ќе го „ослободат вашиот гардеробер.rnrn
rnrn8. Кога ќе дојдат студените денови, треба да ги организираме и спакуваме летните обувки, кои навистина ги има во преголем број. Но, многу е тешко сите обувки да се складираат во кутии, бидејќи така тие заземаат многу простор, што ретко кој го има. За подобра организација, искористете ги кутиите од вински шишиња, кои се поделени, односно во секој дел ставете една патика, сандала или влечка. Со ова ќе заштедите доста простор, но и во целост ќе ги заштитите сите ваши летни обувки.rnrn
rnrn9. Имаме и доста интересно решение за складирање накит. Земете садови за мраз, и во секоја преграда ставете едно парче ситен накит кој инаку е многу тешко да го пронајдете.rnrn
rnrn10. Сите нè нервира кога некои свилени парчиња облека, односно „лизгави“ материјали, лесно се откачуваат од закачалката и одма паѓаат. Земете силикон кој го користат мајсторите, и нанесете на закачалката, по што ова повеќе нема да ви се случува.rnrn
rnrn11. Честопати е потребно да се организира и во бањата. Искористете ги висечките корпи за тоа, и во секоја од нив ставете го она што ви е потребно.rnrn
Заштедете простор и време: 11 едноставни начини за организирање на вашиот гардеробер
