7 корисни трикови кои ќе ви помогнат да направите поубави групни фотографии

Сподели

Се чини дека денес фотографирањето е голем тренд. Без разлика дали е тоа роденденска забава, одредено патување, семеен собир и слично, истите не може да поминат без фотографирање. Оставете ги настрана селфи фотографиите и одлучете се за групни, а во продолжение погледнете неколку корисни совети кои ќе ви покажат како подобро да изгледате на нив.rn

Реклама

1. Користете тајмер

rnКористењето тајмер е одличен начин да направите прекрасни групни фотографии. Одберете ја оваа опција на вашиот телефон или фото апарат и поставете ја на повеќе секунди, за да имате време да заземете своја позиција.rn

2. Распоредете ги личностите

rnВеќе знаете дека највисоките личности треба да бидат назад, но, бидете сигурни дека тие се правилно распоредени и дека не изгледаат „отфрлено“ од фотографијата.rn

3. Одлучете се како ќе ги поставите рацете и нозете

rnИзбегнете какви било непријатности така што ќе направете говорот на телото да соодветствува со фотографирањето. Дури и да ви изгледа чудно, можете да се обидете да ги испланирате своите пози однапред. Тоа ќе ви се исплати.rn

4. Обрнете внимание на облеката

rnДоколку се фотографирате со вашата фамилија, обидете се правилно да ги одберете боите кои најмногу одговараат на секој член, при што секој од нив ќе биде задоволен од крајниот резултат од фотографирањето.rn

5. Направете сите личности да изгледаат послаби

rnСвртувањето настрана и прекрстувањето една нога преку другата, ќе го намали просторот кој го зазема личноста и таа ќе изгледа послабо.rn

6. Насмевката е исто така важна

rnДајте им до знаење на другите дека за да изгледа фотографијата добро, потребно е тие да бидат насмеани. Покажете им дека тоа треба да биде нежна насмевка која ќе им даде природен изглед.rn

7. Бидете што е можно повеќе искрени

rnНе правете нешто што не е својствено за вас. Бидете сите искрени и не преправајте се нешто што не сте. Најубава фотографија е онаа каде што доаѓа до израз вашата вистинска личност!

Популарно

Може ќе ве интересира