5 начини да почнете да слабеете веднаш

Сподели

Секој човек што се бори со вишокот килограми знае колку е тешко да се реши овој проблем, па оттука секогаш се добредојдени совети за симнување на килограмите.

Реклама

Спрема едно најново истражување, 51% од испитаниците сакаат да го ослабат вишокот килограми, но само половина од нив велат дека се спремни да преземат нешто околу овој проблем. Секој почеток е тежок, а симнувањето на килограмите е долготраен процес во кој често се губи мотивација.

Можеби е време плановите и диетите да ги замените со неколку паметни навики кои со тек на време ќе донесат резултати.rn

Овесна каша

rnПокрај тоа што е многу здрав, овесот е подобар од сите други житарки, бидејќи најмногу заситува. Токму поради тоа ова е совршен појадок.rn

Заборавете на грижата на совест

rnНекои истражувања покажуваат дека грижата на совест за храната која сме ја изеле, а не сме смееле, води само до ново прејадување и поради тоа сè паѓа во вода. Кога одлучувате да се почестите, нека не ви биде криво, но потоа повлечете граница и повторно вратете се на старата исхрана.rn

Вагата ви е непријател

rnБројките на вагата често осцилираат што може да ве излуди, особено во ситуација кога секој килограм ви е важен. Заборавете на вагата и концентрирајте се на начинот на исхрана. Напредокот многу брзо ќе се забележи на вашата облека, па вагата ќе ви послужи само како потврда.rn

Избегнувајте пијалаци

rnГолем број луѓе во организмот внесуваат и до 37% од непотребните калории преку разни пијалаци. Исфрлете ги соковите и алкохолот и префрлете се на чаеви, вода и кафе без шеќер. Ако не можете да пиете горко кафе, тогаш ставете малку природен засладувач.rn

Ноќни оброци

rnСпрема едно истражување, луѓето кои јадат касно навечер во организмот внесуваат околу 250 калории повеќе од оние кои не јадат во ноќните часови. Испланирајте ги оброците, така што последниот да ви биде приквечер и обидете се тоа да ви прејде во навика.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира