Филм: Доктор Стрејнџ (Doctor Strange)
Поранешен неврохирург тргнува на пат за зацелување каде што ќе биде повлечен во светот на мистичноста
Режија: Скот Дериксон
Улоги: Бенедикт Камбербач, Рејчел Мекадамс
Времетраење: 115 минути
Премиера: 30 септември 2016
Јазик: англиски
Жанр: акција, авантура, фантазија
Наша оценка: 9/10
Ваша оценка:
Овој филм им дава сосема ново значење на „докторите без граници“! Станува збор за суперхерој за кој постојано ќе имате чувство како да е сниман низ калеидоскоп – мистериозен, хипнотички и секој пресврт ни открива прекрасна нова димензија на неограничени можности. Дури и да не сте љубители на филмовите со суперхерои, доколку сте уживале во „The Matrix“ и „Inception“, тогаш без сомнение ќе уживате и во овој мултидимензионален и визуелно примамлив филм!
За карактер кој не се појавил на филмското платно од 1978 година, Стивен Стрејнџ (Бенедикт Камбербач) може да ви делува многу познато. Себичен, арогантен и неизмерно амбициозен (истовремено и емоционално оддалечен!) неврохирург кој живее во огромен стаклен пентхаус во центарот на Менхетен, Њујорк – звучи многу како Тони Старк, се согласувате? Можеби ова не е вистина во стриповите, но во филмскиот свет на Марвел, најголемата разлика помеѓу Стивен Стрејнџ и Тони Старк е тоа што едниот од нив сече со скалпел, а другиот со сарказам.
Дури и нивната приказна започнува на сличен начин. Вие ќе го гледате Стрејнџ како неодговорно ќе се повреди во сообраќајна несреќа и потоа ќе преземе опасни мерки за да оздрави, за на крај да ја добие најголемата моќ, како и одговорности за кои никогаш не помислил дека се можни. Секако не можеме да се жалиме за потеклото на суперхероите, бидејќи сепак се потребно зло, без кое многу од гледачите би биле изгубени. Тоа не значи дека не очекуваме малку повеќе оригиналност од Марвел за идните карактери!
Сепак овој филм можеме слободно да го опишеме како едноставно сигурен, но истовремено и импресивно храбар – халуциногено патување по многу познат пат… Тој иако е типичен за Марвел, сепак се истакнува со одличната и богата приказни, како и со неверојатните ефекти до тој степен што би рекле и дека е на второ место на листата филмови со суперхерои, веднаш зад Одмаздници.
Кога ќе се почне со пишување на оргинални рецензии? Замолувам во идните статии да се додаде референца до страната од каде е земен поголемиот дел од текстот.
Пример: http://www.indiewire.com/2016/10/doctor-strange-review-marvel-benedict-cumberbatch-tilda-swinton-mads-mikkelsen-1201739205/, каде авторот е David Ehrlich, а не Моника Трајковска.
Здраво Горица,
Јас веднаш да се извинам, најчесто не работиме рецензии на овој начин, но поради недостиг на време (сигурно сите може да се пронајдат во овој проблем), се послужив со делови од изворот кој ни го наведе. Горди сме на нашите авторски текстови, но понекогаш имаме ограничено време во кое можеме да се посветиме на еден текст. Сепак ќе ја земам сериозно твојата забелешка и ќе се погрижам да не ми се повтори ова во однос на рецензиите.
Со почит,
Моника
Zdravo Моника ako sakas napravi recenzija za filmot ROLE MODELS (2008). Pozdrav !
Здраво Мартин,
Ти благодарам за идејата, но најчесто пишуваме рецензии за нови филмови со цел да ги препорачаме на оние што сѐ уште не ги гледале. Што се однесува до постарите, ги избегнуваме бидејќи сметаме дека поголемиот дел од нашите читатели веќе ги гледале и имаат изградено свое мислење за нив. Но, штом го препорачуваш, верувам дека е добар, па ќе гледам да го набавам уште веднаш за да го гледам 🙂
Поздрав,
Моника