КАФЕ ПАУЗА

15 начини да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐ

Нередот во домот најчесто не е предизвикан од мрзеливоста или пак недостатокот на самопочит, туку едноставно затоа што некои луѓе не можат да најдат доволно простор за да ги складираат сите нивни работи, особено ако просторот за живеење е релативно мал. Но, постојат неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да ги складирате работите, при што ќе можете да пронајдете место за речиси сѐ. Погледнете како да го направите тоа.rn

1. Виткајте ги работите за да ви се ослободи простор во плакарот

rnЗа да го средите вашиот плакар и истовремено да имате повеќе слободен простор, не само што треба да знаете кои работи повеќе не ви се потребни па истите да ги отстраните, туку исто така треба да научите да ги виткате останатите работи, при што ќе имате простор повеќе да складирате.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrn

2. Користете прегради во фиоките и полиците

rnПреградите ќе ви овозможат ефикасно да ги зачувате вашите работи, во согласност со нивната големина и намена, што значи дека ќе потрошите помалку време за да го најдете она што ви треба.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrn

3. Секогаш постои дополнителен простор којшто можете да го искористите

rnНе е тајна дека просторот под креветот е одлично место за да се чува постелнината и други работи. Некои луѓе тука создаваат и цел плакар, а исто така доколку сте во можност можете да направите и фиоки под вашите скали. Ова ќе направи голема разлика доколку живеете во мал простор.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrn

4. Искористете го канцеларискиот материјал за во кујната

rnМожете да ги искористите старите цедиња и во улога на подметнувачи за вашите тенџериња и тави. Исто така можете да искористите некоја од старите папки во улога на организатор за вашите капаци и слично.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrn

5. Декоративните кутии се одлични за складирање работи кои не ги користите секојдневно

rnОва звучи многу очигледно, но многумина забораваат на тоа колку оваа идеја може да биде корисна. Уште подобро е да ставите етикета на секоја кутија, при што ќе можете полесно да ги најдете работите кои сте ги користеле одамна и сте заборавиле каде сте ги ставиле. Не мора специјално да купувате кутии за оваа намена, туку истите можете да ги направите самите со користење картон и леплива лента или материјал.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrn

6. Не мора да ги чувате чевлите во нивните оригинални кутии

rnАко имате голем број чевли, но не и доволно простор за нивните кутии, тогаш треба да се обидете да направите полица за нив. Лесно е и доста практично.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrn

7. Не кријте ги работите кои ги користите секојдневно

rnНе треба да ги чувате надвор од дофат работите што ги користите секојдневно, како на пример вашиот накит или вашите шминки. Можете да ги ставите на посебен држач кој самите ќе си го направите или ќе го купите од продавница. Не чини многу, а ќе ви биде од голема корист.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrnrnПогледнете уште 8 предлози на наредната страница…rnrn

8. Постои место за секој мал предмет

rnЗакачалката за вашите вратоврски или каиши зазема мал простор во плакарот или на ѕидот, а на овој начин никогаш повеќе нема да ги губите овие мали додатоци. Можете да купите некоја или самите да ја направите.rnrn15 начини за да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐrnrn