rn
9. Металните кошеви се неопходни за во тоалетот или за во кујната
rnОвие кошеви се совршени за чување различни средства, било тоа да е во тоалетот или во кујната. Доколку немате простор на друго место, можете да ги закачите и на ѕидот.
rn
10. Секаде може да се создаде дополнителен простор за складирање
rnДополнителниот простор за складирање можете да го направите каде било, дури и на завесите кај тушот.
rn
11. Секогаш е возможно да вметнете корисни, но невидливи држачи за предмети во вашиот дом
rnНе е важно доколку немате можност да поставите дополнителен шкаф во вашата соба за да ги сокриете сите оние неубави предмети, затоа што можете да создадете вградени шкафови во ѕидот, а исто така и да ја закачите вашата маса за пеглање, при што ќе сочувате дополнителен простор.
rn
12. Искористете ги ќошињата во домот
rnЌошињата во домот се одлични за поставување полици. Бидете креативни и искористете го и овој простор најдобро што можете.
rn
13. Не мора да ги чувате пластичните кеси во друга кеса, постои алтернатива за тоа
rnСите некаде во домот имате куп пластични кеси, складирани во една. Но, размислете покреативно и ќе сфатите дека постојат и други решенија за нивно складирање и тоа на поудобен и поатрактивен начин.
rn
14. Навлаките за перници може да ве спасат од нередот во плакарот
rnУште еден пример кој покажува дека некои работи во животот може да се направат многу полесно. Складирајте ја постелнината во една од навлаките за перници, па во иднина полесно ќе се справувате со нередот во плакарот.
rn
15. Вашата кујна ќе изгледа почисто ако користите посебни садови за чување на производите
rnНаместо да ги чувате шеќерот, кафето или тестенините во нивните оригинални пакувања, од каде што лесно може да се истурат и да ви направат неред во кујната, ставете ги во посебни садови, но не заборавајте повремено истите да ги чистите.

