Патнику

Сподели

Автор: Виолета Станојковскаrn(поднесено преку „Предложи содржина“)

Реклама

Еј ти, патнику, надалеку што одишrnзнам не можеш со себе да ме водишrnво заборав, каде го нема тој лик,rnкаде ќе излечам срце за миг,rnкаде таа насмевка нема да ме пече,rnтој поглед длабок нема да ме сече..rnНо јас копнеам за слобода од оваа макаrnи те преколнувам… подај ми рака…rnПонеси го со себе срцето мое бедно,rnвеќе не може да љуби, не е вредно.rnЗеми ја душава, носи ја со себе,rnтаа страдаше долго време,rnзашто лажната надеж ù даваше знакrnи одеднаш западна в мрак.rnСтави ги и спомените во куферот твој.rnДраг патнику, спасител си мој!rnЈас пропаѓам, болката тежиrnво утробата на мојот живот лежиrnод мигот кога тој ми стана сè.rnПатнику, па земи ја и болката, носи сè од тукаrnљубов во ова тело веќе не ќе чука.rnНек изгрее нов живот без љубов – чувство врело,rnнов живот за мене, без срце, душа и тело.rn

Сакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.

rn

———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира