Автор: М. ДавидовскаrnrnОвој брз ритам на живеење секојдневно ни создава чувство на депресија, огорченост, незадоволство, завист и љубомора. Дали сте се запрашале која е причината? Сè е до вашата психа! Затоа се потрудивме да ви одвоиме неколку совети кои ќе ви помогнат да започнете да работите на себе и да ја користите моќта која ја поседувате.rnrnПостојат разни теории за позитивното размислување. Природниот закон на енергијата која постои во сите нас, која не поврзува, која ја шириме во правец на позитивно или пак негативно влијание кон другите и кон самите себе, е енергија која никогаш не умира, туку само ние, како дел од неа можеме да ја менуваме, да делуваме на најразличен начин. Позитивната енергија е извор на сите убави случувања, на нашата насмевка, на среќните и весели мигови и на исполнување на сите цели кои си ги задаваме во животот. Позитивната енергија не се купува, не се добива со посебно знаење, туку потребна е само желба и упорност за да ја достигнете.rn
За почеток верувајте дека во вашата личност се крие голема сила и ослободете ја!
rnЗамислете си што сакате да бидете и постигнете го тоа. Помислете дека токму во овој момент ви се случува таа промена.rnrn
rn
Исфрлете го од употреба зборот „невозможно“!
rnНајдете ја неговата вистинска примена, а во вашиот речник внесете и применувајте го почесто исказот „јас можам“. Често употребуваните зборови со негативна конотација предизвикуваат да ви се случат работи кои не ги сакате.rnrn
rn
Не сомневајте се во вашите способности!
rn
Во моментот на разочарување, насочете ги мислите на позитивната страна и верувајте дека во вас постои Џин и изнесете го на површина.
rn

rnrn
Полетот е клуч за долга младост
rnЖивејте како млади сега и секогаш. Па дури и старецот, доколку верува во себе и својата способност, започнувајќи го денот полетно, тој ги завршува работите со успех.rnrn
rn
Самодовербата нека го засени чувството на неспособност
rnТајната на успехот е: нема тајна на успехот! Вие ја поседувате способноста да успеете. Хранете и одржувајте ја вашата самодоверба. Доколку нешто не можете да го завршите сами, тогаш бидете сигурни дека постои некој околу вас што се грижи за вас и е тука да ви помогне во сè и секогаш!rnrn
rn
Неверојатната моќ на имагинацијата
rnОбидете се да замислите како сакате да изгледа она што планирате да го започнете. Не сме сите големи фантазери, но можеме да се потрудиме да замислуваме убави работи, секојдневно накратко да ѕиркаме во замислениот „розов свет“. Бидете искрени, верувајте, трудете се и ќе остварите!rnrn
rn
Не оставајте простор за паника!
rnВо моменти на стрес и напнатост, не дозволувајте паниката да ве обземе, смиреноста ќе ви помогне разумно да постапите, да се справите со ситуацијата и да изнајдете решение. Стравот е демонски плод, па затоа заборавете го засекогаш тој збор бидејќи не постои ништо од што треба да се плашите!rnrn
rn
Барајте го решението во иднината!
rnНикогаш не присетувајте се на пропуштените можности, лошите моменти, размислувајте на иднината и пронајдете ги решенијата на проблемите во неа. Трудете се да ги видите новите можности кои ви се пружаат.rnrn
rn
Вие сте поголеми од вашите проблеми
rnОживејте го спортскиот дух и со негова помош хранете ја вашата психа со мисли кои ќе ви помогнат да се искачите и на највисокиот врв! Погледнете околу себе и црпете енергија од сето она што ве опкружува. Променете ги своите мисли и пристапете со позитивен став – од тој момент ќе почнете да ги доживувате „чудата“!rnrn
rnrnВашиот ум е предуслов за успех. Дозволете и на позитивната мисла да внесе радост во вашиот живот, само вие можете да направите од себеси човек за кој „розовиот свет“ ќе биде светот во кој живеете. Пронајдете го во себе непресушниот извор на позитивната енергија, изворот на среќата, љубовта, успехот, топлина и пријатност и ширете ја наоколу, така вие и сите луѓе околу вас ќе бидат среќни и задоволни!rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
