Бидете поразлични овој викенд: 9 модни комбинации кои вреди да ги испробате
Покрај тоа што викендите имате повеќе слободно време и можете подолго да уживате во спиењето, овие денови имате и повеќе шанси подетално да погледнете во плакарот и да експериментирате со вашата облека. Погледнете ги овие 9 модни комбинации кои совршено ќе ви прилегаат за време на слободните денови.
1. Блуза со риги, машки фармерки и бели патики
Класичната комбинација на фармерки и блуза сега е надополнета благодарение на тексас деталите, во овој случај додадените тексас парчиња на колената.
2. Избледени или искинати фармерки, долго палто и чанта со синџирче
Сепак, внимавајте на комбинацијата, затоа што многу лесно можете да оставите впечаток дека сте несредени.
3. Плетен фустан, мото јакна и чанта преку рамо
Овој изглед одговара и со патики и со чизми, одличен е и е многу удобен.
4. Подебела јакна, тесни фармерки и чизми за дожд
Врнежливите денови се присутни во есен, па тогаш искористете ја оваа комбинација која ќе ви пружи топлина и удобност.
5. Краток фустан, обична јакна и чизми со отворени прсти
Ова е уште една комбинација која ќе ви даде впечатлив изглед.
6. Црни фармерки, бела маица и бомбер јакна
Како да ја носите оваа јакна сезонава? Секако, со црни фармерки и бела маица. Толку едноставно, а изгледа прекрасно.
7. Фармерки свиткани на глуждовите, плетен џемпер и волнени чизми
Се сеќавате кога УГГ чизмите беа во мода во 2009 година? Па, тие повторно се враќаат, особено во комбинација со џемпер и фармерки.
8. Мини здолниште, тексас јакна и чанта преку рамо
Иако можете да ја сретнете тексас јакната во различни комбинации, сепак, овој викенд обидете се да ја комбинирате со мини здолниште. Ќе изгледате совршено!
9. Фустан, црни хулахопки и чизми до глуждот
Само затоа што деновите се постудени не значи дека не треба да носите кратко. Комбинирајте со непроѕирни хулахопки и чизми до глуждовите.
Па, бидете поразлични овој викенд и испробајте некоја од овие комбинации.