КАФЕ ПАУЗА

7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезона

Кога станува збор за кармините, жените секогаш имаат голем избор. Во пролет и лето најчесто се присутни светлите бои, како розовата и портокаловата, додека пак во есен, боите се потемни со потопли нијанси. Без разлика дали сте голем љубител на шминкањето или не, овие бои на кармини ќе ве воодушеват. Во продолжение погледнете ги 7-те најпопуларни нијанси и обидете се да ја изберете вашата омилена боја за оваа сезона.rnrn7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезонаrn

1. Црна

rnЗошто да не бидете храбри оваа есен и да изберете црн кармин? Ако сте повеќе конзервативни можеби ова нема да ви изгледа како добра идеја, но доколку сте подготвени да го изненадите светот, ова дефинитивно е вашиот вистински избор.rnrn7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезонаrn

2. Сина

rnУште една боја која храбрите девојки би можеле да ја пробаат е сината. Кога станува збор за нијансите, можете да изберете светла тиркизна или пак, индиго боја.rnrn7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезонаrn

3. Кафеава

rnКафеавата боја на кармин е голем тренд во претстојните есенски месеци, а тука не станува збор за каква било нијанса. Иако постојат повеќе бои кои имаат нијанси на портокалово, оваа сезона обидете се со темно кафеава боја.rnrn7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезонаrn

4. Темно портокалова

rnДодека светлите нијанси на портокаловата боја се резервирани за потоплите месеци, темно портокаловите се одлични за во есен. Не само што оваа боја потсетува на есенските листови, туку истата совршено си одговара и со другите класични есенски бои.rnrn7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезонаrn

5. Темно црвена

rnАко постои една боја која можете да ја носите во секоја сезона, тогаш без сомнение тоа е црвената. Од непознати причини, црвената е класична боја која е дел од сечија колекција за шминкање. Исто како и повеќето нијанси на оваа боја, така и темно црвената одговара со секаква облека.rnrn7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезонаrn

6. Сива

rnСивата боја е тренд кој брзо расте, а многу љубители на шминката се спремни да го следат. Пепелавата нијанса освојува многу жени, пред сѐ поради тоа што одговара на секаква боја на кожа.rnrn7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезонаrn

7. Виолетова

rnПоследна, но не и помалку важна боја е токму виолетовата. Доколку сѐ уште чувствувате дека не сте храбри да ги испробате црната, темно кафеавата или темно портокаловата боја, секогаш најпрво можете да започнете со виолетовата. За да ја постигнете посакуваната нијанса, обидете се да ставите посветла боја во основата.rnrn7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезонаrnrnСо помош на овие бои, истакнете ја својата убавина оваа есен. Шминкањето подразбира и експериментирање, а како би знаеле која е бојата што најдобро ви прилега, доколку не ја испробате?