Продуктивни работи што можете да ги правите за време на дождливите денови
Со доаѓањето на есента пристигнаа и дождливите денови. Некои луѓе уживаат во нив, додека пак други едвај чекаат да поминат. Како и да е, дождливото време не може да ве спречи да бидете корисни. Имено, постојат многу продуктивни активности кои можете да ги правите, наместо да стоите и нетрпеливо да чекате тие да поминат. Во продолжение погледнете 25 работи што можете да ги правите во овие дождливи есенски денови.
1. Направете план за штедење. Штедењето никогаш не е бескорисно. Согласно вашите примања и трошоци, направете план за штедење и поставете си цел за што ќе ги намените овие средства.
2. Направете некои измени. На пример, одлучете се да го промените изгледот на вашата соба или пак да преуредите некоја фиока.
3. Изберете ново хоби. Седнете и размислете што најмногу ве интересира и ве исполнува. Дождливото време е одлично за да се посветите себеси.
4. Вратете се на некое старо хоби. Можеби како помлади сте биле колекционери на нешто или пак сте имале навика да пишувате поезија. Зошто повторно да не се потсетите на нив?
5. Гответе за претстојната недела. Подгответе некое јадење, супа или некои колачиња кои може да се чуваат во фрижидер.
6. Средете го шпајзот. Несомнено е дека шпајзот е многу корисен, но исто така ова место лесно може да стане просторија каде што ќе се ставаат многу работи кои потоа се забораваат. Дождливиот ден е одлично време да го средите и да се ослободите од предметите кои не ви се потребни.
7. Исчистете го вашиот плакар. Колку парчиња облека имате што воопшто не ги носите? Време е да се ослободите од нив и да ги подарите некому кому му се потребни.
8. Испробајте нови вежби. Постојат голем број вежби кои можете да ги практикувате во вашата соба. Важно е да започнете!
9. Правете планови за животот. Одвојте време да размислете за својот живот и за своите планови во врска со кариерата, здравјето, семејството, па дури и за некои мали работи кои сакате да ги постигнете. Планирањето е првиот чекор за да го добиете посакуваното.
10. Водете дневник. Запишувањето на работите може да ви помогне да сфатите каде сте, да одлучите што сакате да бидете и како да се справите со најтешките проблеми.
11. Одговорете некому кој ве барал. Имате стар имејл на кој треба да одговорите? Или пак некој пријател очекува ваш повик? Сторете го тоа сега!
12. Чистете. Иако се подразбира дека треба да чистите, дождливите денови кога сте дома, искористете ги за темелно чистење на вашите соби.
13. Испробајте нов рецепт. Експериментирајте во вашата кујна и испробајте нови рецепти за готвење, торти и колачи. На Интернет ќе пронајдете многу кои можете да ги пробате, а за кои секогаш сте сметале дека немате време.
14. Направете некои активности кои долго време сте ги одложувале. На пример, средете ги документите или исчистете ја неуредната фиока.
15. Дајте му некому до знаење дека се грижите. На потежок или на полесен начин, кажете му на некој дека се грижите за него или покажете му го тоа со мал гест на внимание.
16. Закажувајте. Користете го телефонот во дождливите денови за да закажете кај вашиот заболекар, фризерски салон или пак договорете состанок со ваш стар пријател.
17. Платете ги сметките. Доколку ги плаќате сметките електронски, дождливите денови се одлични за да ја завршите оваа ваша обврска.
18. Разгледајте го и приспособете го вашиот буџет. Одвојте време да се посветите на вашиот буџет, па да го приспособите на вашите потреби.
19. Почнете со некои подготовки. Без разлика дали тоа е некоја трка, патување кое ве очекува или извршување на некоја задача. Завршете ги работите порано, па потоа ќе имате помалку грижи.
20. Променете го вашето место. На пример, доколку ви се досадила вашата соба за спиење, понудете им на вашите браќа/сестри да ги замените.
21. Испечете колачи. Кој не би сакал топли, свежо печени колачи во студените денови? Доколку не сакате да направите премногу, ставете го тестото во замрзнувач и секогаш кога ќе посакате можете да го извадите и да го испечете.
22. Направете картички со пораки и подароци за вашите најблиски. Ако се приближува роденденот на некој од вашите најблиски, обидете се да им направите уникатен подарок, со што ќе ги покажете вашето внимание и љубов.
23. Работете дополнително. Ако веќе имате начин за дополнителна заработка од дома, правете го тоа. Доколку не, истражувајте кои опции ви стојат на располагање.
24. Средете си го профилот на социјалните мрежи. Можеби имате некои личности кои не ги ни познавате, или пак некои кои се досадни со нивните постојани објави. Дождливите денови се одлични за чистење на вашата листа на пријатели.
25. Спијте. Можеби сметате дека ова не е продуктивно искористено време, но доколку сте таков вид човек кому му е потребно повеќе спиење за нормално функционирање, врнежливиот ден е одлично време да се наспиете, за потоа да се разбудите свежи и подготвени да ги извршувате останатите работи.