Поучна приказна: Соништата не можат да се исполнат без напорна работа!

Поучна приказна: Соништата не можат да се исполнат без напорна работа!

Многу одамна живеел еден свештеник кој бил истовремено и мрзлив и сиромашен. Тој не сакал да работи каква било тешка работа, но сонувал еден ден да биде богат. Добивал храна од милостина, а едно утро како дел од милостината добил тенџере со млеко. Тој бил многу воодушевен од ова, па веднаш си отишол дома, го сварил млекото и се напил. На останатото млеко додал малку путер, со цел да го направи кајмак, па легнал да спие.

Поучна приказна: Соништата не може да се исполнат без напорна работа

Откако легнал почнал да си замислува како ако биде богат ќе исчезнат сите негови маки. Неговите мисли се насочиле кон тенџерето со млеко што требало да стане кајмак. Тој си мислел дека утрото кога ќе се разбуди млекото веќе ќе биде претворено во кајмак. Би направил путер од тоа, кој потоа би го продавал на пазарот. Со парите коишто би ги заработил би си купил кокошка која ќе носи јајца од кои пак би се извеле повеќе пилиња. И тие откако ќе пораснат ќе носат јајца, па наскоро тој ќе може да има живинарска фарма…

Потоа продолжил да си замислува дека ќе ги продаде сите кокошки и со тие пари ќе може да купи крави и да произведува млеко. Сите луѓе би купувале млеко од него и тој би бил многу богат, па би можел да се ожени со девојка од добра фамилија, со која ќе имаат убав син кој ќе може да го учи на многу корисни работи, а доколку не е послушен ќе го удира со стапот…

Во тој момент тој несвесно го кренал стапот и мислејќи дека удира во својот син, го погодил тенџерето, кое се скршило, млекото се истурило и тој се разбудил од својот сон.

Поука: Соништата не може да се исполнат без напорна работа!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар