Научник тврди дека дрвјата имаат способност да формираат врски и да се чуваат едни со други

Научник тврди дека дрвјата имаат способност да формираат врски и да се чуваат едни со други

Еден научник со декади ја проучувал комуникацијата помеѓу дрвјата и неговите неверојатни опсервации можат да се откријат во новиот документарен филм, „Интелигентни дрвја“.

„Дрвјата имаат чувства. Тие можат да почувствуваат болка, но исто така можат да имаат и емоции, како страв. Дрвјата сакаат да стојат во близина и да се прегрнуваат. Всушност, постои пријателство помеѓу нив.“

(1) Научник тврди дека дрвјата имаат способност да формираат врски и да се чуваат едни со други

Ова се само неколку од прекрасните заклучоци направени од страна на Питер Волебен, германскиот научник и автор на книгата „Скриениот живот на дрвјата“. Неговата работа привлече многу внимание ширум светот, особено кај љубителите на шумите. Со оглед на тоа што е научник со добра репутација, и веќе успеал да направи многу при подобрувањето на здравјето на шумата, многумина безрезервно веруваат во неговите зборови. Тој се однесува кон дрвјата како да се луѓе и можеби истото би требало да почнеме и ние да го правиме.

„Дрвјата се пријатели. Често може да се забележи како нивните цврсти гранки се насочени кон спротивната страна. Тоа се случува затоа што не сакаат да ја блокираат светлината на својот пријател“, објаснува тој.

И покрај тоа што многу научници не се согласуваат со неговите заклучоци, сепак тој постојано наоѓа начини како да логично да го оправда своето истражување.

„Јас го користам јазикот на луѓето. Но, јазикот на науката ги отстранува сите емоции и поради тоа луѓето не го разбираат на начинот на кој што треба да биде разбран.“

(2) Научник тврди дека дрвјата имаат способност да формираат врски и да се чуваат едни со други

Пред да носите брзи заклучоци, погледнете го документарецот во кој се истражуваат различните начини на кој дрвјата комуницираат. И не заборавајте дека тие се многу повеќе од дрвени штици што чекаат да бидат претворени во мебел, згради или дрво за огрев. Тие се и многу повеќе од организми што создаваат кислород и ни го чистат воздухот за нас. Дрвјата се индивидуални суштества што имаат чувства, знаат како да се спријателуваат, имаат заеднички јазик и се грижат едни за други.

Како што Волебен вели во трејлерот подолу:

„Навистина постои пријателство меѓу дрвјата. Тие можат да формираат врски како стар пар, каде што едниот се грижи за другиот.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар