11 работи што ги правите несвесно, а ги нервираат оние околу вас

11 работи што ги правите несвесно, а ги нервираат оние околу вас

Многу често со некои од вашите секојдневни навики ги нервирате оние околу вас, а во посериозни ситуации тие може да се оддалечат, па дури и да ви се налутат. Ако сте загрижени дека не оставате добар впечаток, тогаш треба да ги анализирате своите постапки и да сфатите што не е во ред. Доколку самите не можете да го направите ова, побарајте помош од вашите пријатели кои ќе ви посочат кои се вашите навики што ги иритираат. Потоа, сѐ повеќе обрнувајте внимание на тие постапки и трудете се да ги отстраните од вашето секојдневие. Покрај другото, постојат и многу лоши навики што ги практикуваат поголем дел од луѓето, а еве дел од нив на кои треба да внимавате.

11 работи што ги правите несвесно, а ги нервираат оние околу вас

1. Зборувате испрекинато, со поголеми паузи помеѓу зборовите

На пример, започнувате да раскажувате некое случување и сите едвај чекаат да го слушнат крајот, но тогаш вие ќе почнете да ги испрекинувате речениците постојано велејќи „Хм“, „Па…“ Ова навистина може да ги иритира слушателите, при што не само што ќе им го одвлече вниманието, туку исто така може да направи да изгледате и неспособни за раскажување. Во вакви случаи не плашете се да паузирате еднаш и да ги средите вашите мисли.

2. Ги прекинувате другите додека зборуваат

Луѓето се нервираат кога некој ќе им навлезе во зборувањето и ќе ги прекине. Иако можеби сте возбудени и вие да го споделите вашето искуство, сепак, почекајте да заврши соговорникот. Ако несвесно го направите тоа, тогаш учтиво извинете се. На овој начин полека ќе успеете да ја отфрлите оваа лоша навика.

3. Постојано се жалите

Секој може да се пожали од лошото време, дека е уморен, дека има главоболка и уште многу други работи. Но, прекумерното жалење може да ги нервира оние околу вас, затоа што така оставате впечаток на личност која е фокусирана само на негативните работи. Прифатете ги секојдневните проблеми и продолжете понатаму, а вашите жалби чувајте ги за кога тоа навистина ќе вреди.

4. Гледате во телефонот

Во денешно време вистинска реткост е да излезете со вашите пријатели и притоа никој да не гледа во телефонот. Напротив, тоа изгледа како нешто нормално што сите го прават. Но, имајте предвид дека кога гледате во телефонот вие покажувате дека не сте целосно присутни во тој момент, а во зависност од ситуацијата, тоа може да ги нервира оние околу вас.

11 работи што ги правите несвесно, а ги нервираат оние околу вас

5. Ставате точка на крајот од пораката

Ако мислевте дека завршувањето на пораката со точка изгледа малку сериозно и страшно, тогаш сте во право. Една студија објавена во списанието „Компјутерите во човековото однесување“, покажува дека кога ја завршувате реченицата на крајот во пораката со точка, изгледате помалку искрени. Па, ако се допишувате со вашите пријатели или партнерот, користете барем неколку емотикони, со што сигурно ќе им олесните.

6. Ги откажувате плановите во последна минута

Иако можеби мислите дека не е ништо страшно ако го промените планот во последна минута, сепак, ова е уште една навика што ги нервира оние околу вас, особено ако со тоа се променат и многу нивни планови. Ако честопати го правите ова, вашите пријатели ќе имаат мислење дека вие сте несигурна личност.

7. Не слушате додека другите ви зборуваат

Можеби ќе гледате во својот телефон или пак едноставно ќе размислувате што да кажете наредниот момент, па кога ќе треба да им одговорите, вие нема да знаете како да го направите тоа, при што ќе биде јасно дека не сте го слушале разговорот.

8. Ја префрлувате вината на некој друг

Потребно е храброст за да признаете кога грешите, а токму тоа е и причината што многумина имаат навика да ја префрлаат вината на некој друг. Оваа навика ги нервира останатите околу вас, па трудете се да ја промените што побрзо. Признајте ги вашите грешки, размислете како можете да ги поправите и спречете истите да се случат повторно. Така ќе добиете и поголема почит од другите.

11 работи што ги правите несвесно, а ги нервираат оние околу вас

9. Остварувате лош контакт со очите

Можеби звучи чудно, но контактот со очите во некои ситуации може да ги изнервира другите. Можеби го правите тоа премногу често и нападно, или пак воопшто не погледнувате во луѓето. Како и да е, погрешниот контакт со очите не е добра навика, затоа, обидете се да најдете златна средина.

10. Ветувате нешто што немате намера да го исполните

Не правете планови за вашата идна кафе средба кога добро знаете дека таа никогаш нема да се оствари. Во ред е понекогаш да бидете учтиви, но, не дозволувајте овие лажни планови да ви станат навика. Па, размислете два пати пред да ветите нешто, затоа што последиците од неговото прекршување некогаш може да бидат непоправливи.

11. Пишувате скромни изјави на социјалните мрежи, а всушност сте горди и сакате да привлечете повеќе внимание

Горди сте што сте си поминале прекрасно со партнерот на вашиот одмор од соништата и сакате да го споделите тоа на социјалните мрежи, но во описот додавате: „Многу сме уморни, станавме во 5 часот наутро“, со цел да изгледате малку скромно. Вашите пријатели ја сфаќаат пораката, а оваа навика само може да ги изнервира.

11 работи што ги правите несвесно, а ги нервираат оние околу вас

Доколку и вие се пронајдовте во овие лоши секојдневни навики, трудете се да ги избегнувате, па нема да ги нервирате луѓето околу вас и ќе оставите впечаток на подобра личност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар