10 лаги во кои треба да престанете да верувате за да имате посреќен живот

10 лаги во кои треба да престанете да верувате за да имате посреќен живот

Во текот на нашиот живот постојано слушаме некои работи кои автоматски ги прифаќаме како вистинити без да се запрашаме за нивната веродостојност. Поголемиот дел од нив се негативни и нѐ спречуваат во тоа максимално да уживаме во животот и да бидеме среќни. Станува збор за 10 животни лаги кои нѐ измачуваат и во кои време е да престанеме да веруваме…

10 лаги во кои треба да престанете да верувате за да имате посреќен живот

1. Сам значи осамен

„Сам“ не значи секогаш „осамен“ и луѓето кои се во врска не се автоматски посреќни од луѓето кои немаат партнер. Чувството на осаменост е многу полошо кога сте во врска отколку кога сте сами. Доколку чувствувате дека врската не е во најдобар ред, направете пауза и поминете некое време сами. Пронајдете се. Научете да ја цените сопствената вредност. На тој начин, нареден пат кога ќе бидете во врска која тоне, ќе бидете подготвени да отпливате на сигурно.

2. Ако имате сѐ што ќе посакате, ќе бидете среќни

Луѓето кои се среќни не значи дека немаат желби. Напротив, тие се благодарни за тоа што го имаат и трпеливо го чекаат она што доаѓа. Понекогаш толку многу сме зафатени обидувајќи се да постигнеме нешто големо, што не ги забележуваме малите работи кои го прават животот волшебен.

3. Болката е нешто видливо

Никогаш не ја потценувајте туѓата болка, бидејќи секој се бори во животот на некој начин. Некои луѓе едноставно знаат подобро да ја сокријат болката од останатите. Никогаш не можете да знаете што се случува зад затворени врати. Доколку ги осудувате другите, само ќе изгубите време и енергија. Оставете го тоа зад себе и правете нешто значајно.

4. Животот би требало да функционира на одреден начин

Вистината е дека само нашите сопствени мисли можат да ни нанесат болка. Ние самите имаме слобода да одбереме како ќе реагираме на она што ни се случува. Немојте да размислувате за тоа како би требало да изгледа вашиот живот и прифатете го онаков каков што е. Внесете промена таму каде што можете, променете ги вашите мисли во врска со она што не можете да го менувате и продолжете понатаму.

5. Вие би требало да функционирате на одреден начин

Престанете да се споредувате со другите верзии од себе, реални или замислени. Престанете да се споредувате себеси со другите луѓе. Ослободете се од зависта. Само тогаш ќе почувствувате вистински мир и спокој.

10 лаги во кои треба да престанете да верувате за да имате посреќен живот

6. Само неколку привилегирани луѓе можат да имаат убав живот

Доколку секое утро кога ќе се разбудите си кажете „Да, денес денот ќе биде прекрасен“, и потоа секое попладне најдете причина да си кажете „Да, денес денот е прекрасен“, и секоја вечер најдете причина да си кажете „Да, денес денот беше прекрасен“, тогаш еден ден во иднината ќе се насмевнете на спомените и ќе си кажете „Да, имав прекрасен живот“. Прекрасна поента, нели?

7. Тешките периоди се непотребни

Понекогаш работите мора да тргнат наопаку пред да се доведат во ред. Понекогаш морате да ги пуштите погрешните луѓе да си одат, пред да се појават вистинските. Понекогаш морате да се чувствувате слабо за да знаете како е да се биде силен. Понекогаш морате да се почувствувате малку скршено за да сфатите дека никогаш нема да бидете вистински скршени. Морате да запознаете многу луѓе кои ќе ви се допаѓаат, пред да ја најдете личноста која ќе ја сакате. Понекогаш морате да доживеете лоши искуства, знаејќи дека лекциите што ќе ги научите од нив навистина вредат.

8. Силните луѓе не чувствуваат болка

Вистината е дека најсилните луѓе се оние кои чувствуваат болка, ја прифаќаат и учат од неа. Треба да имате храброст за да побарате одмор, да пуштите солза, да застанете цврсто на две нозе по големиот пад и да се вратите назад во рингот, подготвени за борба како да не сте се бореле никогаш досега.

9. Зборовите не се значајни

Почувствувајте ја љубовта пред да кажете „Те сакам“. Почувствувајте благодарност пред да кажете „Благодарам“. Почувствувајте понизност пред да кажете „Извини“. Кога ќе почнете да ги чувствувате работите пред да ги изговорите гласно, ќе ви бидат потребни многу помалку зборови за да ги искажете вашите емоции и тие ќе доаѓаат директно од вашето срце.

10. Сонувањето е губење време

Најголемите дарови се оние што не се видливи за човечкото око, оние што ги чувствуваме длабоко во срцето. Она што можеме да го видиме е само мал дел од она што е возможно. Фантазијата ни дава можност да видиме што се крие под површината на нештата, да го замислиме она што е важно, но невидливо. Некаде, нешто чека да биде откриено, само мора да сонувате доволно силно за да откриете што е тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар