КАФЕ ПАУЗА

9 индикатори кои ќе ви откријат дали навистина е бог во спалната соба

Едно од прашањата кои најмногу им го поставуваат на секс експертите е „Како да знаеме дали тој е добар во кревет?“ Вистината е дека не можеме точно да знаеме, без разлика колку сме одговарале на тестови во нашите омилени магазини. Вистина е дека жените детално го анализираат машкото однесување – од она што тој го прави (и начинот на кој го прави) до начинот на кој зборува. Но, одговорот повторно не го добиваме. Затоа, после долго истражување, ние дојдовме до овие 9 заклучоци.rnrn0-9-indikatori-koi-kje-vi-otkrijat-dali-navistina-e-bog-vo-spalnata-soba-kafepauza.mkrn

1. Не е фалбаџија

rnДоколку тој многу зборува за неговите бивши, тогаш има можност да не е којзнае колку добар во кревет. Оние кои постојано зборуваат дека се богови во спалната, всушност не се. Фактички, сите жени се поинакви и секоја сака поинакви работи во сексот, а мажите не знаат автоматски што сака секоја девојка. Затоа, за да имате добар секс мора да имате добра комуникација, а не да го слушате што ви раскажува за неговите бивши.rn

2. Прави да се чувствувате секси

rnАко кога ќе излезете тој прави да се чувствувате секси, иако вие тоа не го забележувате, тогаш тој е пастув во спалната. А да се чувствувате секси е многу важно. Начинот на кој се чувствуваме во својата кожа, а не физичката појава, е тоа што придонесува да имаме квалитетен сексуален живот. Не ви е потребна секси долна облека за да имате добар секс. Ако сакате врската да опстои и да имате магија во спалната, давајте си комплименти и внимавајте на малите детали. Така никогаш нема да бидете разочарани.rnrn1-9-indikatori-koi-kje-vi-otkrijat-dali-navistina-e-bog-vo-spalnata-soba-kafepauza.mkrn

3. Вешт е со рацете

rnМногу може да се каже според начинот на кој ги користи рацете. Оние кои често ги користат рацете – музичари, уметници или атлетичари, се многу добри во креветот.rn

4. Дали ризикува?

rnАко ужива во нови работи и презема ризици, тогаш големи се шансите да имате лав помеѓу чаршафите. Но, ако сте со личност која не сака да ризикува или не ужива во авантури како вас, тогаш подобро е прво да поразговарате пред да отидете заедно во кревет. Доколку и двајцата уживате во ризици и истиот вид авантура, тогаш новите потези и идеи ќе бидат полн погодок во спалната соба.rn

5. Не е себичен

rnЗа секс се потребни двајца. Затоа ако излегувате со некој што мисли само на себе тоа значи дека истото ќе се случува и во спалната соба. Ако тој ви обрнува внимание и надвор од спалната, тогаш тој ќе ви ги задоволува желбите и потребите и внатре во неа. Но, не треба да очекувате само тој да ги задоволи вашите потреби. Потрудете се и вие да ги задоволите неговите. Тоа е најдобриот начин за да имате добар секс.rnrn2-9-indikatori-koi-kje-vi-otkrijat-dali-navistina-e-bog-vo-spalnata-soba-kafepauza.mkrn

6. Начинот на кој оди

rnАко се движи со самодоверба и крената глава, тоа значи дека таа самодоверба ја има и во спалната соба. Говорот на телото е најдобриот индикатор за тоа каков е всушност човекот, а според одот во извесна мера може да се препознае и карактерот.rn

7. Го интересира како ви поминал денот

rnДоколку ви поставува многу прашања тоа значи дека се обидува да ве направи среќна. Размислите за тоа, кој е најдобриот начин да запознаете некого? Најдобриот начин да научите што таа личност сака и посакува е да поставувате многу прашања и да поминувате многу време заедно.rn

8. Начинот на кој се бакнува

rnЕден од најдобрите показатели за тоа дали е добар меѓу чаршафите е начинот на кој се бакнува. Добриот бакнеж е нежен и страстен. Сигурно сакате некој кој ќе ви предизвика пеперутки со неговото бакнување. А бакнежот е најдобриот индикатор за хемија и заведување.rnrn3-9-indikatori-koi-kje-vi-otkrijat-dali-navistina-e-bog-vo-spalnata-soba-kafepauza.mkrn

9. Дали вежба?

rnЛуѓето кои вежбаат имаат поголема сила и се повешти во кревет. Доколку тој е физички активен и многу се движи, тој сигурно е добар во спалната соба.