6 магично ефикасни и лесни совети за оправување на косата после сончање

6 магично ефикасни и лесни совети за оправување на косата после сончање

Летото ни носи љубов, авантури, уживање. Но, постои и онаа друга страна за која не се зборува многу. Преголемата жештина и недостатокот на влажност која покрај кожата може да се почувствува и на нешто за кое се смета дека е украс на една жена – косата. За жал, влијанието на УВ зраците, сонцето, хлорот и морската сол може да се споредат со прегревањето на косата со разни преси за коса, фен, па дури и со хемикалиите во фарбите. Секоја коса која е добро негувана има поголеми шанси да се спротивстави на овие влијанија од онаа која не е, но и на едната и на другата, без разлика дали е брановидна или рамна, потребна ѝ е дополнителна нега и оправување.

1-6-magichno-efikasni-i-lesni-soveti-za-opravuvanje-na-kosata-posle-sonchanje-www.kafepauza.mk_

1. Природните шампони се вистинскиот избор

Најдоброто решение за да ја заштитите вашата коса од дополнително сушење и за да ѝ помогнете да се оправи е привремено да користите благи шампони како што се оние за бебиња или пак, природните, како оној од коприва. Доколку сте во можност, завршете го миењето на косата со ладна вода.

2. Избегнувајте го бојадисувањето и бланширањето на косата

Секоја дама обожава да има убава фризура и во текот на летните месеци, но обидете се да ѝ дозволите на косата малку да се одмори од хемикалиите со кои ја третирате во текот на остатокот од годината. Сонцето дополнително негативно ќе дејствува врз неа, па затоа воопшто не е потребно да ја отежнувате ситуацијата со тоа што ќе користите тешки фарби. Но, доколку е неопходно да имате свежо бојадисана коса, тогаш послужете се со природните избори, односно производители.

2-6-magichno-efikasni-i-lesni-soveti-za-opravuvanje-na-kosata-posle-sonchanje-www.kafepauza.mk_

3. Тајмаут за апаратите кои се наменети за стилизирање на косата

Има ли нешто поромантично од коса која е измиена со природен шампон, на пример од коприва, и исушена без фен? Можеби ова не ви се чини како идеално решение, но природно исушената коса и плетенката која ќе ја направите може да биде еден од начините на кои косата може да се оправи после морето, сонцето или хлорот.

4. Користите препарати со УВ заштита

Задолжително продолжете со употребата на препаратите за заштита на косата од сонцето кои доста ѝ помагаат на вашата коса. Тоа што повеќе не сте на море или на базен секако не е причина да заборавите на вашата коса и напрскајте ја пред миењето или излегувањето на работен состанок.

3-6-magichno-efikasni-i-lesni-soveti-za-opravuvanje-na-kosata-posle-sonchanje-www.kafepauza.mk_

5. Скратете ги врвовите на косата

Можеби ќе ви биде жал, како и на поголемиот број жени, но косата која редовно се пострижува расте доста побрзо. Скратувањето на косата на секои 4 до 6 недели по еден сантиметар помага таа да остане здрава и сјајна. А скратувањето на краевите после сончањето и морската сол или хлор е ЗАДОЛЖИТЕЛНО во овие денови.

6. Волшебна маска – спас за оштетената коса

Маската на природна база е полн погодок! Производот како што е сувото масло може да биде идеален начин за да ја оправите косата на природен начин. Не плашете се да го користите повеќе пати месечно, бидејќи тоа не може да ви наштети. Ќе ѝ подари на косата здравје и сјај.

4-6-magichno-efikasni-i-lesni-soveti-za-opravuvanje-na-kosata-posle-sonchanje-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар