9 прашања што тој посакува да му ги поставите на првиот љубовен состанок
Постојат одредени правила кои важат за првите љубовни состаноци. Овие правила обично се однесуваат на темите за кои смее и не смее да се разговара, со цел да се одбегнат потенцијалните непријатни ситуации. Всушност, првите љубовни состаноци служат за двете единки да откријат дали би сакале да се развие нешто повеќе меѓу нив или не. И покрај целиот тој кодекс на однесување што треба да се почитува, постојат одредени прашања кои момците сакаат девојките да им ги постават, но тие обично ги занемаруваат или не се осудуваат да ги споменат од страв да не бидат погрешно сфатени. Во продолжение прочитајте кои се тие прашања и кога ќе излезете на наредниот љубовен состанок воопшто немојте да се двоумите дали да ги поставите…
1. „Кога би можел да правиш буквално сè што сакаш, сега во моментов, што би било тоа?“ Добро е да имате некое интересно и необично прашање за да го скршите мразот и да ја намалите тензијата. Бидете оригинални, па дури и провокативни ако сте од оние посмелите девојки. Ако ви одговори со „Би бил тука со тебе“, колку и да звучи романтично, мали се шансите да е искрено, така што внимавајте на крајот да не ве тресне по глава со сите тие ѕвезди што ќе ви ги симне во текот на вечерта.
2. „Каде се гледаш за 5 години?“ Честопати, на првите љубовни состаноци се зборува за сегашноста. Се поставуваат прашања од типот „Што работиш?“, „Каде живееш?“ и слично. Наместо тоа, прашајте го каде се гледа себеси во иднина. Повеќето млади луѓе не го работат тоа што го сакаат, така што убаво ќе им дојде ако разговараат за нешто што ги прави среќни.
3. Поставете му прашање кое ќе му дозволи малку да се пофали. Во случај да спомене некој свој успех кој ви звучи малку фалбаџиски, не го прекинувајте туку додадете малку масло во огнот. Тој токму тоа го сака. Тоа не значи дека треба да му дозволите да доминира со разговорот, но ако забележите дека зборува за нешто што е особено горд, бидете добри и поставете му уште неколку дополнителни прашања во врска со тоа.
4. „Како би изгледал совршениот љубовен состанок според тебе?“ Потајно, тој умира од желба да му го поставите ова прашање за да може да ви каже. На тој начин, тој ќе ви даде одлична идеја за вашиот втор љубовен состанок, а притоа воопшто нема да има потреба да се малтретира и да го планира.
5. „Кои работи никогаш не би ги прифатил во врската?“ Ова прашање е малку застрашувачко бидејќи може да ви открие дека воопшто не си одговарате, па дури и да доведе до конфликт. Но, ако и двајцата уште на почеток разговарате за работите кои никако не би ги прифатиле во врската, би можеле да заштедите многу време. Некои од тие знаци на предупредување не се ни покажуваат додека не биде предоцна.
6. „Дали си исто толку нервозен колку мене?“ Првите љубовни состаноци се прилично стресни за многумина. Освен ако не сте премногу самоуверени или социопати (ако воопшто постои разлика меѓу двете), тогаш сигурно сте малку возбудени и нервозни. Покрај тоа, ова е 2016 година, така што големи се шансите дека никогаш претходно не сте се виделе во живо, туку сте се запознале преку Фејсбук и сте го закажале состанокот. Ако и двајцата отворено си признаете како се чувствувате, тоа би можело да ви помогне да се опуштите.
7. „Сакаш да имаме секс?“ И на момците им е дозволено да сонуваат, нели?
8. „Кажи ми ја твојата омилена шега“ Ова ќе ви открие многу работи за него. Дури и да нема омилена шега ќе дознаете многу работи. Можеби е безобразна, застарена или, пак, се работи за црн хумор. Во секој случај ќе дознаете дали имате слична смисла за хумор. Доколку морате да го натерате да ви ја каже затоа што се срами, можете да бидете сигурни дека станува збор за урнебесна шега.
9. „Сакаш да ја поделиме сметката?“ Кавалерството не е мртво, но кој не сака да ја подели сметката длабоко во себе? Ако сте му го поставиле секое непријатно прашање од листава, веројатно заслужува да не ја плати целата сметка.