Внимавајте на вашето здравје: 5 знаци дека не јадете доволно
Вишокот килограми и прејадувањето се голем проблем присутен кај многу луѓе, но постои и другата крајност која исто така предизвикува здравствени проблеми, а тоа е неухранетост. Во продолжение прочитајте кои знаци откриваат дека не јадете доволно…
1. Низок шеќер во крвта
Хипогликемијата е еден од првите симптоми на неухранетост. Прескокнувањето на оброците или консумирањето помала количина на храна од вообичаено во комбинација со физичка активност предизвикува големи и нагли падови на шеќерот во крвта кој се манифестира како чувство на глад заедно со потење на дланките, треска и општа слабост.
2. Не слабеете, но губите мускулна маса
Спротивно на општото мислење, понекогаш консумирањето повеќе храна може да ви помогне да ослабете. Ако не го храните вашето тело со хранливите состојки кои му се потребни, тоа ќе чува резерви на масти и наместо нив, ќе ги согорува мускулите за да добие енергија. Губењето на мускулна маса ќе го забави вашиот метаболизам, а со самото тоа и процесот на губење килограми.
3. Недостаток на енергија и чувство на замор
Во случај на неухранетост вашето тело не ги добива потребните хранливи состојки, калории и витамини кои му се потребни за да функционира нормално. Поради тоа постојано се чувствувате уморно и слабо, а енергија речиси воопшто немате. Обидете се да се држите до златното правило за 3 оброци дневно и две мали ужини. На овој начин ќе го регулирате нивото на глукоза во крвта и ќе го спречите наглото губење на енергија.
4. Постојано ви е ладно
Кога не внесувате доволно калории, вашата телесна температура се снижува. Поточно, телото не може да ја произведува и одржува потребната топлина без калории. Исто така, внесувањето ограничен број на калории влијае на работата на одредени хормони, како што се хормоните на штитната жлезда, што исто така може да предизвика ниска температура.
5. Постојано чувство на глад
Ова е најочигледниот симптом на неухранетост. Логично е дека ако је одбегнувате храната, постојано ќе бидете гладни. Меѓутоа, постојат и случаи кога луѓето јадат често, а сепак чувствуваат глад. Тогаш проблемот е во храната што ја консумираат, полна со јаглехидрати без добри масти и протеини. Сите едноставни јаглехидрати се всушност шеќери и тие се добар моментален и брз извор на енергија бидејќи телото брзо ги обработува. Но, по некое време ќе почувствувате глад. Тоа значи дека треба да јадете повеќе комплексни јаглехидрати и протеини бидејќи нив телото брзо ги вари и подолго време ќе се чувствувате сити и полни со енергија.