Што навистина сакаат модерните жени од мажите?

Што навистина сакаат модерните жени од мажите?

Без разлика за која ера зборуваме, жените отсекогаш биле мистерија за мажите. Ако ги прашате нив, тие без размислување би ви рекле дека сме различни суштества кои потекнуваат од сосема спротивни планети. Чудо е како понекогаш успеваме да издржиме во долготрајна врска во овој вид општество.

Што навистина сакаат модерните жени од мажите?

Животот бил многу поедноставен пред 200 години кога жените и мажите си биле потребни едни на други за преживување. Мажите работеле, а жените раѓале и чувале деца и на тој начин граделе дом и работеле напорно за неговото одржување. Основните потреби биле задоволени и двете страни без двоумење ги прифаќале своите улоги. На тој начин и жените имале потреба од маж за финансиска поддршка, заштита, сперма и некаков вид привлечност и љубов (што за жал скоро никогаш не било приоритет). Но, нештата многу се смениле!

Животот на жените во денешно време е сосема спротивен на оној од нивното минато. Ние имаме кариери, ја следиме нашата страст, високо сме образовани и можеме да си дозволиме да бидеме независни и да се грижиме самите за себе. Ние сме сосема способни да заработуваме, а понекогаш кариерата ни доаѓа на прво место, па поради тоа и децата не секогаш се приоритет. На тој начин и заминаа деновите кога жената морала да најде маж за да може да преживее.

Па, што е тоа што жените сега го бараат од мажите?

Воопшто не е чудно што мажите се сега оние кои имаат проблем при дефинирање на својата улога во животот на модерната жена. Тие повеќе не се единствените извори на финансиска поддршка. Жените повеќе не се „дами во опасност“ кои имаат потреба од заштита од натрапници или од околни племиња кои пустошат. Ако сакаат, тие дури и самите можат да забременат – без да имаат маж крај себе за да го израснат своето дете. Оние основни и примарни функции кои генетски се припишуваат на мажите повеќе не се критични за постоењето на жените. Или пак, тоа не е точно?

Реалноста е дека модерната жена сè уште сака нејзиниот маж да заработува, да се грижи за неа и да ја издржува… Но, на малку поинаков начин. Тие сакаат рамноправен партнер, некој со кој ќе можат да делат сè во нивниот живот. Личност со која ќе се забавуваат и со која ќе го надополнуваат своето секојдневие со уште поголема среќа. Маж со кој ќе може лесно да комуницираат и кој знае како да ги ислуша. Ова особено важи за интимниот дел. Жените сакаат да бидат дел од љубовна врска во која ќе се чувствуваат слободно, но истовремено и заштитено. И најважно од сè, тие посакуваат да бидат искрено сфатени и сакани во целост – со сите позитивни и негативни страни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар