Свесни сте дека треба да го исчистите вашиот дом и да го ослободите од старите предмети, кои ви зафаќаат многу простор, но не знаете од каде да почнете. Ние ќе ви помогнеме со листа од 21 работа кои веднаш, без размислување треба да ги исфрлите од вашиот дом.rnrn
rn
1. Стари пластики и слични садови
rnОвие пластики зафаќаат многу простор во вашите кујни. Исфрлете ги веднаш.rn
2. Шишиња со ликери и други пијалаци кои се стари неколку години
rnВо сечија кујна или бифе може да се најдат отворени шишиња со пијалаци, кои можат дури и да му наштетат на здравјето. Зошто воопшто ги чувате?rn
3. Мали пакувања со сосови, мајонез и кечап
rnТие не зафаќаат многу место, па затоа можат да останат во фрижидерите и со месеци. Затоа погледнете го добро датумот и доколку му поминал рокот на производот веднаш исфрлете го од дома.rn
4. Стари кујнски апарати на кои им недостига некој дел
rnНе ви е потребен таков апарат во домот. Фрлете го тој миксер, блендер или соковник и ќе си ослободите простор за нов и употреблив.rn
5. Отворени стари пакувања со замрзнат зеленчук
rnПризнајте, никогаш нема да подготвите јадење зеленчукот што стои во вашиот фрижидер изминативе неколку месеци.rn
6. Полначи за телефоните кои сте ги користеле пред 5 или повеќе години
rnДа. Телефоните одамна сте ги фрлиле, а полначите стојат како сеќавање за нив?rn
7. И, стариот телефон, доколку уште е во вашиот дом
rnПрифатете ја реалноста. Можеби ви значел во 2004 година и во него сте ги примиле најубавите пораки и повици, но време е да оди на рециклирање.rn
8. Далечински управувачи
rnНаоѓате далечински управувач и не знаете дали е од телевизорот кој го исфрливте пред 6 години или од клима уредот што го заменивте пред 3 години. Доколку ви се случи ова, зошто би го чувале и понатаму тој правоаголен пластичен предмет?rn
9. Кабли
rnКаблите се потребни, но не сите. Има и кабли кои се стари, искинати, оштетени…rnrn
rn
10. Стари списанија
rnПризнајте дека нема никогаш повеќе да го отворите весникот кој сте го купиле пред 5 години и заедно на куп со други списанија зафаќа еден агол од вашата дневна соба кој може да се искористи за нешто многу поубаво.rn
11. Книги кои не прилегаат на вашата полица
rnСите сме имале моменти во животот кога сме се одлучувале за лесна литература. Но, повеќе не треба таквите „романи“ да фаќаат прашина на вашите полици. Заменете ги со нови, а старите донирајте ги или подарете ги некому.rnrn
rn
12. ВХС касети
rnДоколку на нив имате домашни видеа, преснимете ги, а на огромните видео касети конечно е време да им кажете„Чао“.rn
13. Креми за лице и тело, тоници и други средства за нега и хигиена
rnКолку вакви празни и полупразни шишенца имате во плакарот во бањата? Соберете ги во една вреќа и право во канта.rn
14. Четка за тоалетна шолја
rnПоминала една година, а вие уште ја користите истата? Овие четки се полни со бактерии и треба редовно да се менуваат.rnrn
rn
15. Лекови со истечен рок на употреба
rnЛековите чијашто употреба завршила, стануваат отрови. Исфрлете ги сите таблети, сирупи и чаеви кои некогаш ви помогнале, но веќе одамна се надвор од употреба.rn
16. Шминка постара од една година
rnДоколку имате шминки постари од една година исфрлете ги. Многу често и забораваме што сè имаме во нашите тоалетни маси и фиоки. Затоа не двоумете се. Ќе си ослободите место за нови, а и ќе се заштитите од можна појава на алергии и несакани дејства на кожата.rn
17. Бесплатни примероци и тестери
rnОвие нешта ги чувате без некоја особена причина. Сте ги добиле како бесплатен примерок и сте заборавиле на нив. Сигурно веќе им е поминат и рокот на употреба.rn
18. Стари патики
rnШкафчињата за чевли ви се неуредни токму заради старите патики, папучи, сандали. Знаете дека никогаш нема да ги ставите на нога, но упорно не се откажувате од нив.rn
19. Фустан за свадба
rnТоа е парче облека кое носи сеќавања во себе, но соочете се со фактот дека никогаш повеќе нема да го облечете.rnrn
rn
20. Облека со дамка
rnДоколку една блуза на себе има дамка којашто не сте успеале да ја извадите, зошто би ја чувале во вашиот плакар?rn
21. Дупнати чорапи
rnПризнајте, колкумина од вас имаат полна фиока со чорапи кои имаат дупче? Ќе ги облечете повторно? Не. Зошто да ви зафаќаат место, исфрлете ги.