Понекогаш чувствувате дека навистина немате среќа во љубовта, а не знаете како да ги смените работите. Причината најчесто лежи во вас, во вашиот карактер и во начинот на кој ги гледате и доживувате работите околу вас. Прочитајте што открива хороскопот за тоа кои се најчестите причини поради кои едноставно не можете да го најдете совршениот партнер.rnrn
rn
Овен
rnОвенот е склон кон чести промени на расположението и е познат по брзата избувливост. Наместо да се обидат да ги решат проблемите во врската, родените во овој знак најчесто ги игнорираат своите партнери. Овните се познати како лидери и можат да станат агресивни доколку забележат дека повеќе не се на врвот од пирамидата.rn
Бик
rnРодените во овој знак не се согласуваат на компромиси. Тие не попуштаат дури и тогаш кога не се во право. Тие не сакаат да се заморуваат со проблемите во врската. Го мразат чувството на несигурност и поради тоа прекинувањето на врска со Бик, понекогаш знае да биде вистински пекол. Сакаат да бидат вклучени во сè, а ако забележат дека партнерот/партнерката не им обрнува доволно внимание, ставаат крај на комуникацијата.rn
Близнаци
rnПоради нивниот темперамент, многу е тешко да се предвиди следниот чекор на родените во овој знак. Многу тешко донесуваат одлуки, особено ако имаат временско ограничување. Близнаците мразат рутина и многу брзо им досадуваат работите. Затоа, тие секогаш бараат нови предизвици, а тоа носи одредена нестабилност во врската со нив.rn
Рак
rnРодените во овој знак имаат проблеми со посесивноста кога е во прашање животот на партнерот/партнерката. Имаат проблем во наоѓање вистинска љубов затоа што сакаат да ги контролираат своите партнери, што често доведува до одредени судири. Но, доколку нештата тргнат надолу и тие ја изгубат контролата над работите, едноставно се предаваат.rn
Лав
rnЛавовите можат да бидат многу егоцентрични и себични, поради што ги одбиваат партнерите од себе. Нивната надменост може да прерасне во проблем доколку не се чувствуваат доминантни во врската. Наместо да ги решаваат проблемите, тие го вртат грбот и го игнорираат партнерот.rn
Девица
rnРодените во знакот на Девица се многу критички настроени кон себеси и кон другите, и поради тоа многу често сметаат дека не заслужуваат квалитетна врска. Ако најдат соодветен партнер, потсвесно се обидуваат да ја саботираат врската, затоа што постојано ги мачи мислата дека не се доволно добри. Тие даваат големо значење и на најмалите негативни коментари, поради што тешко можат да се вклопат во совршена врска.rn
Вага
rnВагата е крал на избегнување на судирите и родените во овој знак се подготвени да одат далеку, преправајќи се дека сè е во ред со нивната врска. Но, кога нештата ќе испливаат на површина и повеќе нема да може да ги затвора очите пред проблемите, Вагата избувнува во голема лутина што предизвикува големо изненадување и разочарување кај партнерот.rn
Скорпија
rnГолемата страст што ја поседуваат родените во овој знак, во одредени ситуации е предност, но во други може да предизвика големи проблеми. Таа страст може да прерасне во агресивност и љубомора. Скорпиите тешко можат да ги разберат неискрените луѓе, иако многу често и тие самите знаат да бидат многу таинствени.rn
Стрелец
rnРодените во знакот на Стрелец ветуваат кули и градови кога е во прашање љубовта, но тоа подоцна може да им предизвика големи проблеми. По природа се многу отворени и ќе направат сè да ја остварат својата идеја. Не сакаат обврски и поради тоа често ги напуштаат своите партнери. Постојано се во потрага по авантура и нови предизвици.rn
Јарец
rnЈарците се најголемите „сезнајковци“ и со тоа многу брзо можат да го изнервираат својот партнер. Секогаш се подготвени на најлошите сценарија во врската и поради тоа тешко можат да се опуштат.rn
Водолија
rnВодолиите се можеби емотивно најмистичните личности и поради тоа е многу тешко да бидат сакани. Во врската им е потребна личност што секогаш ќе биде на нивна страна, а оној момент кога тоа ќе се смени и ќе почувствува дека нема 100 процентна поддршка, Водолијата става крај на врската.rn
Риби
rnРибите влегуваат во врските со огромна доверба кон своите партнери и поради тоа не ги забележуваат сите недостатоци кај нив. Потребна им е личност која секогаш ќе ги истакнува нивните квалитети и ќе избегнува да ги споменува недостатоците. Ако почувствуваат критички поглед, веднаш влегуваат во улога на жртва, а тоа ја уништува нивната врска.