Научниците долго време го барале најпрактичниот начин да им помогнат на љубителите на кафето да не го истураат својот омилен пијалак додека уживаат во неговиот вкус. Користејќи комбинација од равенки, лабораториски експерименти и тестови со одење, тие ја испитале физиката зад проблемот и дошле до брилијантно решение.rnrn
rnrnКако можни опции за проблемот биле вклучени вински чаши, одење наназад и додавање пена. Но, единствениот начин да избегнете кошула со флеки од кафе е доколку ја држите шолјата одозгора, како со „канџа“.rnrnНаучниците велат дека со држењето на кафето од страна, на пример за рачките, ние ја зголемуваме силата со која тоа удира во ѕидовите на самата шолја, па така и ги максимизираме шансите за истурање. Но, со едноставно менување на начинот на кој ја држиме шолјата, ние значително ја намалуваме можноста омилениот пијалак да ни се најде на облеката.rnrnПробајте и пишете ни дали ви се допаѓа овој трик или пак, сепак повеќе преферирате да се држите до старата рутина, дури и ако тоа значи истурање на дел од вашето омилено кафе.
Научниците откриваат трик за пиење кафе без дел од него да се најде на вашата облека
