Покрај тоа што викендите имате повеќе слободно време и можете подолго да уживате во спиењето, овие денови имате и повеќе шанси подетално да погледнете во плакарот и да експериментирате со вашата облека. Погледнете ги овие 9 модни комбинации кои совршено ќе ви прилегаат за време на слободните денови.rn
1. Блуза со риги, машки фармерки и бели патики
rnКласичната комбинација на фармерки и блуза сега е надополнета благодарение на тексас деталите, во овој случај додадените тексас парчиња на колената.
rn
2. Избледени или искинати фармерки, долго палто и чанта со синџирче
rnСепак, внимавајте на комбинацијата, затоа што многу лесно можете да оставите впечаток дека сте несредени.
rn
3. Плетен фустан, мото јакна и чанта преку рамо
rnОвој изглед одговара и со патики и со чизми, одличен е и е многу удобен.
rn
4. Подебела јакна, тесни фармерки и чизми за дожд
rnВрнежливите денови се присутни во есен, па тогаш искористете ја оваа комбинација која ќе ви пружи топлина и удобност.
rn
5. Краток фустан, обична јакна и чизми со отворени прсти
rnОва е уште една комбинација која ќе ви даде впечатлив изглед.
rn
6. Црни фармерки, бела маица и бомбер јакна
rnКако да ја носите оваа јакна сезонава? Секако, со црни фармерки и бела маица. Толку едноставно, а изгледа прекрасно.
rn
7. Фармерки свиткани на глуждовите, плетен џемпер и волнени чизми
rnСе сеќавате кога УГГ чизмите беа во мода во 2009 година? Па, тие повторно се враќаат, особено во комбинација со џемпер и фармерки.
rn
8. Мини здолниште, тексас јакна и чанта преку рамо
rnИако можете да ја сретнете тексас јакната во различни комбинации, сепак, овој викенд обидете се да ја комбинирате со мини здолниште. Ќе изгледате совршено!
rn
9. Фустан, црни хулахопки и чизми до глуждот
rnСамо затоа што деновите се постудени не значи дека не треба да носите кратко. Комбинирајте со непроѕирни хулахопки и чизми до глуждовите.
Па, бидете поразлични овој викенд и испробајте некоја од овие комбинации.

