КАФЕ ПАУЗА

ТВ серија: Почудни нешта (Stranger Things)

Кога мало момче ќе исчезне, неговата мајка, шефот на полиција и неговите пријатели мора да се соочат со застрашувачки сили за да го вратат назад

rnТВ серија: Почудни нешта (Stranger Things)Главни улоги: Винона Рајдер, Дејвид Харбур, Фин ВолфхардrnrnЖанр: драма, хорор, мистеријаrnrnКреатори: Мат Дафер и Рос ДаферrnrnПремиера: 15 јули 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 55 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnОваа ТВ серија започнува како епизода од „Досиеја икс“, каде што можеме да видиме еден научник кој се обидува да избега од слабо осветлен, тивок и морничав подземен бункер, кога одеднаш е нападнат од мистериозно суштество. Но, наместо следната сцена да се префрли на Молдер и Скали, кои индиректно флертуваат на криминалната сцена, приказната нè носи во куќата на едно семејство од 80-тите, каде што неколку млади момчиња во подрум играат „Dungeons & Dragons“.rnrn(1) ТВ серија: Почудни нешта (Stranger Things)rnrnОд таму, еден од нивните пријатели исчезнува, по што градот влегува во згушена паника и почнуваат да се случуваат чудни нешта. И да, за самите жители, сè ова е навистина чудно: необјасниви исчезнувања, светла кои трепкаат во комуникација, мистериозна црна област на ЦИА… Но, за гледачите, сите овие нешта се познати, ако не и малку предвидливи. Не велиме дека големите настани се лошо составени, туку дека целиот тим кој работел на оваа ТВ серија очигледно има страст за минатото и желба да го рекреираат на малку поинаков и посвеж начин.rnrn(3) ТВ серија: Почудни нешта (Stranger Things)rnrnИмајќи го сè ова на ум, крајниот резултат, вклучувајќи ги сите 8 епизоди, е и повеќе од одличен. Децата, по исчезнувањето на својот пријател, ќе тргнат во потрага по него, но по пат ќе сретнат мало девојче, кое едвај говори и има необични моќи. Нивната динамика ќе ве потсетува на вонземјанчето Е.Т. со неговите пријателчиња од Земјата, со единствена разлика што таа не доаѓа од друга планета. Можеме слободно да кажеме дека таа е центарот на приказната, бидејќи сите настани се вртат околу нејзините способности, како и нејзиниот живот.rnrn(4) ТВ серија: Почудни нешта (Stranger Things)rnrnИако главните улоги им припаѓаат на децата, сепак оваа приказна е интересна и за малите и за возрасните. Тие различно ќе ја доживеат, секако, но без сомнение сите ќе бидат задоволни од тоа што го гледале. Па, ако имате малку слободно време овој викенд, ви препорачуваме да ѝ дадете шанса на оваа мини ТВ серија, која ќе ве одведе во 80-тите, а потоа и во еден превртен свет, и ќе ја разгори вашата фантазија. Зарем има подобар начин барем на момент да избегате од секојдневните проблеми?rnrn(2) ТВ серија: Почудни нешта (Stranger Things)