Основно правило на универзумот: Давај за да добиеш!

Основно правило на универзумот: Давај за да добиеш!

Помислете за момент на вашиот организам. Во него сѐ се одвива врз основа на принципот на соработка и размена, сите органи соработуваат и секој го дава она што му е потребно на другиот за да може да функционираат како целина. Кога еден од органите би се одделил, би станал себичен и би решил да работи сам за себе, целиот организам би престанал да функционира, заедно со тој одделен орган.

Основно правило на универзумот: Давај за да добиеш!

Така функционира и целиот универзум. Природата постојано ни дава, но ние не сме научиле да возвратиме, туку само земаме и не знаеме како да даваме. Сите бараме нешто и постојано се прашуваме „Зар премногу барам?!“. Универзумот е богата ризница во која има повеќе отколку што можеме да замислиме, но прашањето е како да стигнеме до неа, како да го добиеме она што го сакаме. Одговорот е: Давајте и бидете дел од целината.

Има приказна за еден оџа кој се давел во реката. Луѓето му приоѓале и му велеле: „Оџа, дај ја раката!“, но тој не реагирал и се удавил. Кога дошол друг оџа да види што се случило и кога ги видел сите тие луѓе, прво ги нападнал затоа што никој не го спасил. Меѓутоа, тие му раскажале дека му приоѓале и му велеле „Оџа, дај ја раката“, но тој не одговарал. На тоа верскиот службеник им рекол: „Сте погрешиле. Не сте требале да велите ’дај ја раката’, туку сте требале да велите ’оџа, повели раката’ и ќе го спасевте“.

Тоа што не разбираме дека во давањето лежи спасот, ќе нѐ одведе во пропаст и ќе се згушиме во сопственото верување дека ќе се спасиме ако се фокусираме на себе и сопствените потреби, но на тој начин само ќе создадеме неплодно тло.

Секој запченик, дури и оној најситниот, е неопходен за непреченото функционирање на целиот механизам. Сѐ е важно. Се вели дека кога пеперутката ќе замавне со крилјата на едно место, тоа има влијание на друг континент.

Постојат безброј начини тој механизам да се покрене, односно да му го дадеме она што на другиот му е потребно и да се однесуваме според законите на универзумот: Доколку можеме да помогнеме со материјални средства, да кажеме убав збор, да им помогнеме на соседите, да ги нахраниме животните, да не озборуваме, да им помогнеме на другите да го постигнат она што го сакаат. На тој начин се излегува од микро планот и фокусот кон самите себе и се влегува во општиот, универзален план.

Со тоа што ќе станеме дел од механизмот за остварување на сопствената цел, ние дејствуваме како запченик во часовник, додека нашите дела претставуваат семе со кое ќе можеме да ги насадиме нашите желби и намери. Според обичајот треба да фрлиме паричка во фонтаната и да посакаме желба. Самиот чин на фрлање паричка потврдува дека ние имаме добивка преку чинот на давање. Законот е едноставен: Давајте за да добивате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар