Мали трикови кои ќе ви помогнат да ги истакнете вашите облини со помош на облеката
Секоја жена, без оглед на нејзиното тело, години, висина или тежина, во некој одреден период од својот живот ќе посака да промени нешто во стилот кој го негува. Сепак, на жените на кои природата не им подарила извонредни облини, постојат неколку модни трикови кои можат да го поправат тоа. Секако дека вежбањето и редовната нега на телото ќе ви помогнат во вашата цел, но понекогаш сме толку многу нестрпливи, што едноставно не можеме да ги дочекаме резултатите. Затоа, со вас споделуваме 6 одлични трикови кои ќе ви помогнат да го нагласите вашето тело и тоа со правилниот избор на гардероба.
1. Нагласете го струкот
За задникот да ви изгледа визуелно поголем, морате да изберете облека која ќе го нагласи вашиот струк. Колку повеќе вашиот струк изгледа потесен, толку вашиот задник ќе изгледа поголем. Значи, избегнувајте ги блузите и фустаните кои слободно паѓаат и го сокриваат вашиот струк.
2. Нагласете ги нозете
Еден од главните модни закони гласи: „Доколку сакате вашиот задник да изгледа поголем, не срамете се да ги покажете нозете.“
3. Избирајте молив здолниште или пак здолништа кои се богати со многу тул
Откако Кристијан Диор го создаде првото здолниште со молив крој, тоа стана задолжително парче облека во гардероберот на секоја жена. Таквото здолниште ги нагласува сите совршености на телото, а воедно нозете ќе изгледаат доста атрактивно. Додека пак, предноста на здолништата богати со тул може да се забележат и со голо око.
4. Поиграјте си со хоризонталните линии
Фустаните и здолништата со контрастни хоризонтални линии се создадени за вашето тело да изгледа женствено и елегантно. Овој дезен визуелно го зголемува обемот на колковите и го прави вашиот задник заоблен.
5. Кроп топовите во комбинација со здолниште или куси панталони изгледаат одлично
Кроп топот совршено го нагласува струкот, а тексас шорцевите неверојатно ги дефинираат сите посакувани места. Краткото здолниште за тенис или пак за лизгање, благодарение на својата должина и облик, малку ќе го прошири вашиот долен дел. Плус, ова здолниште е доста популарно за оваа сезона. Како што кажавме, тоа ќе го направи вашиот долен дел визуелно поголем, а вашето тело ќе го добие најпосакуваниот облик на песочен часовник.
6. Изберете материјали кои се препиваат за телото
Фустани, здолништа и панталони кои се изработени од растегливи материјали, ќе можат многу добро да ги истакнат вашите атрибути. Овие материјали го затегнуваат задникот и го прават заоблен. Како надополнување, облечете високи потпетици и нема да останете незабележани.