Луѓето можат да ве обвинуваат, да ја изневерат вашата доверба, да ви пркосат или да ве стават во ситуација во којашто сте жртва. За жал се случуваат такви работи и тоа многу често. Но, дали сте се прашале што ќе се случи доколку одбиете да ја играте улогата на жртва и да ја преземете контролата над својот живот? Можете да бидете жртва во односот на вашите пријатели кон вас, на вашето семејство, на странци, на својата земја, па дури и во вашиот однос кон себеси. Но, вие може да влијаете на тоа и новите промени почнуваат во вас.
Кога сме во улога на жртва, често се чувствуваме совладано, осамено или тешко ни е да се соочиме со работите на соодветен начин. Но, по некое време, играњето улога на жртва станува штетно за нашето здравје. Сепак, не се откажувајте, постојат многу начини да се исправите цврсто на своите нозе и да го вратите животот под ваша контрола.rn
1. Напуштете ја ситуацијата
rnПоставете си го ова прашање: „Дали можам да ја напуштам оваа ситуација?“ На пример, доколку сте во врска, а вашата доверба е изневерена од која било причина, можете ли да ја напуштите ситуацијата?
Поради нашата околина, ние често продолжуваме да ја играме улогата на жртва. Време е тоа да го смените. За почеток, можете да отидете кај пријател, член на семејството или во некој хотел. Доколку во вас најдете волја да ги напуштите работите кои ви предизвикуваат лоши чувства, секогаш има начин да го сторите тоа. Кога одбиваме да ја напуштиме ситуацијата, ние само продолжуваме да бидеме жртва, што во никој случај не е добро за нашето здравје.rn
2. Сменете ја ситуацијата
rnНаместо да чекате сама од себе да се смени ситуацијата или личноста, размислете што можете вие да направите во врска со тоа прашање. Не можете да ја присилите личноста да се смени, но можете во голема мера да влијаете на одредена промена. Можете да бидете „катализатор“ за промени. На пример, што можете да направите доколку живеете со член на семејство или партнер кој е нарко зависник и поради тоа кон вас се однесува лошо? Можете да ја менувате ситуацијата поставувајќи одредени граници. Наместо исплашено и немо да гледате како тој/таа се уништува себеси и околината, најдете волја во себе и вратете ја вашата моќ. Покажете што е прифатливо, а што неприфатливо однесување. Не можете да ги смените другите, но можете да влијаете на нивното однесување кон вас, менувајќи ја интеракцијата со нив.
rn
3. Прифатете ја ситуацијата и сменете ги своите размислувања
rnПрифаќањето на ситуацијата, а потоа промената на мислењето треба да се применува во речиси секоја ситуација во којашто сте биле жртва. Тоа е навистина една тешка задача, но можете да успеете. Прифатете дека се сторени лоши работи, оставете ги и живејте во сегашниот момент. Можеби таквата трансформација ќе потрае некое време, но најголемиот дар што го имате е сегашноста. Промената на начинот на размислување значи дека повеќе нема да ја преземате улогата на жртва. Ќе си ја вратите својата моќ и својот глас – тие се ваши и никогаш не требало да ви бидат одземени. Без оглед на што и на кого сте биле жртва, сменете го вашето размислување и ќе сфатите дека имате целосна власт над своите мисли и дејствувања, тогаш ќе се сменат вашите реакции, а тие реакции ќе го сменат вашиот живот.rn
4. Што се случува кога ќе си го вратите животот во свои раце?
rnЗнаете ли што ќе се случи кога ќе одлучите да прекинете да ја играте улогата на жртва и ќе си го вратите животот во свои раце? Целиот живот е полн со можности. Ќе имате лична моќ. Вашата креативна искра ќе засјае и ќе ви помага во решавањето на проблемите. Кога ќе си ја вратите моќта и ќе престанете да бидете жртва, ќе си дозволите поголема слобода и повеќе нема да зависите од другите. Вие ќе станете господар на вашиот живот. Можете да си го поставите темпото со кое ќе се движите и да одлучите по кој пат ќе чекорите.

