Карамел сутлијаш полнет со шлаг: Хит десерт за топлото лето
Оваа верзија на познатиот сутлијаш е сосема нов и освежувачки рецепт, којшто ќе ве заслади во топлите летни денови. Едноставен е за подготовка, а потребните состојки веројатно веќе ги имате во кујнските шкафчиња.
Потребни состојки:
- 200 грама ориз
- 250 грама шеќер
- 1 кесичка желатин во прав
- 1 лажичка цимет
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 литар млеко
- шлаг
Начин на подготовка:
Сипете го млекото во тенџере, ставете го на рингла, малку загрејте го, па додадете 3 лажици шеќер и 1 лажичка цимет. Промешајте добро и додадете го оризот. Повремено промешувајте и варете го оризот додека смесата не се згусне. Потоа додадете го ванилиниот шеќер и измешајте.
Растворете го желатинот во вода и оставете го да омекне. Потоа сипете го во сутлијашот. Преостанатиот шеќер сипете го во друго тенџере и загревајте го додека не добиете карамел маса со златна боја. Во калап за куглоф колач сипете го карамелот, врз него додадете го сутлијашот и ставете го во рерна 30 минути на 50 степени. Извадете го калапот и оставете да се излади. Потоа, превртете го на чинија, така што карамелата ќе биде најгорниот слој. Со миксер изматете ги млекото и шлагот и наполнете ја дупката во сутлијашот. Оставете малку шлаг за украсување и на страничните делови. По желба наросете со ситно исечкани јаткасти плодови.