Веќе некое време цветните круни се главниот моден додаток на речиси секоја девојка. Но, секоја промена е добра, па така време е за некои новитети кои сигурни сме дека ќе ве остават без зборови.
Запознајте ја Челзи Шилс, 27-годишна цвеќарка од Мелбурн која изработувала цветни круни додека не добила брилијантна идеја: Круни од школки! Таа вели дека отсекогаш посакувала да биде сирената Ариел и да живее на дното од океанот. Исто така, обожава плажи, па оттаму потекнува нејзината опседнатост со морето и школките.
Неколку години изработката на круни од школки ѝ била само хоби, но кога сирените го презеле модниот свет, нејзината самодоверба се зголемила и таа решила да ги претстави овие неверојатни круни на целиот свет. Совршени модни додатоци кои ќе направат да се чувствувате како сирена каде и да одите.
Погледнете ги следниве круни од вистински морски школки со кои ќе заблескате во летниот период и ќе се претворите во вистинска сирена…

