5 знаци дека вечерва повеќе би сакале да останете дома со вашата омилена книга отколку да излезете со пријателите
По долгата напорна работна недела некои луѓе одвај чекаат да се видат со пријателите и да се забавуваат до раните утрински часови. Но, има и такви кои не можат да дочекаат да се испружат на каучот и да потонат во страниците на нивната омилена книга. Доколку не можете да одлучите кој начин на опуштање да го одберете, ова се 5-те знаци кои ќе ве убедат дека подобро би било да се препуштите на светот кој може да го посетите само преку читањето…
1. Веќе ви е јасно дека повеќе ги сакате книгите отколку луѓето
Ако излезете, ќе треба да се соочите со сите тие пожелни и непожелни луѓе кои не знаете како ќе влијаат на вашето расположение. Ако останете дома, ќе ја поминете вечерта со добра книга која несомнено ќе има позитивно влијание на вас. И онака тоа е единственото нешто што го сакате длабоко во себе.
2. Само што сте започнале со нов возбудлив роман
Знаевте дека ќе станете навлечени на книгата веднаш штом ја здогледавте корицата, но сепак започнавте со читање и сега навистина не би можеле туку-така да ја напуштите.
3. Повеќе време поминувате во одбирање книги за читање отколку во одбирање парчиња облека
Тоа не го правите намерно. Не сте вие виновни што толку многу добри книги излегуваат одеднаш и вие морате веднаш да одлучите од каде ќе почнете со читање. И онака имате само неколку модни комбинации кои би ви одговарале за одредена прилика.
4. На крајот сепак ќе понесете книга со вас
И онака носите голема чанта, зошто да не ставите и една книга внатре за секој случај?
5. Барате начин да се извлечете од договорените планови уште од моментот кога ги направивте
Веќе знаевте дека сте резервирани за викендот, а сепак се согласивте да се видите со онаа познајничка од факултет. Не сакавте да помисли дека сте чудни или антисоцијални, па затоа сега ќе измислите дека сте настинале или дека имате некои неодложни обврски кои едноставни морате да ги завршите во петок навечер.