7 разлики меѓу обичниот и мудриот родител
Сите сме го поминале детството, но многу често се случува кога ќе станеме родители да заборавиме дека и ние сме биле деца. Длабоко во себе секој родител знае како вистински треба да постапи со своите најмили, но во секојдневието многу често ни недостасува трпение и мудрост. Која е разликата меѓу обичниот и мудриот родител? Ви нудиме седум клучни елементи од воспитувањето на децата и односот на родителите кон нив.
1. Обичниот родител смета дека сето свое слободно време треба да го посвети на детето, а своите интереси ги става во втор план. Мудриот родител е способен самостојно да се грижи за себе, а на тоа ги учи и своите деца.
2. Обичниот родител ги минува вечерите помагајќи му на своето дете да ги заврши домашните задачи од училиште. Мудриот родител се придржува кон следната стратегија: Детето е задолжено за извршување на своите задачи и тоа е исклучиво негова одговорност.
3. Обичниот родител се обидува чувството на вина да го искупи со различни подароци и пари, кои му ги дава на своето дете. Мудриот родител редовно му дава пари на своето дете за тоа да има свој џепарлак, којшто треба паметно да го распредели и само да си купува работи кои го интересираат и му причинуваат задоволство, а не се вклучени во семејниот буџет.
4. Обичните родители често не се обидуваат да сфатат зошто нивното дете се однесува лошо и не го слуша доволно во одредени моменти. Мудриот родител со сите сили се обидува да го ислуша своето дете, за да разбере што се крие зад неговото несоодветно однесување и притоа бара начин да му помогне.
5. Обичниот родител при воспитувањето на своето дете има за цел да одгледа пристоен човек. Мудриот родител дава сè од себе да изгради близок однос со своето дете.
6. Обичниот родител го воспитува своето дете во атмосфера на попустливост, понекогаш дозволувајќи детето „да му се качи на глава“. Мудриот родител сфаќа дека има целосно право на свој личен простор, за свое хоби и време поминато без детето. Тој или таа ги почитува како своите, така и границите на своето дете.
7. Обичниот родител се обидува да го заштити своето дете од сите животни предизвици и тешкотии, правејќи го за своето дете и тоа што не мора да го прави. Мудриот родител дозволува неговото дете да прави грешки, а потоа, заедно со него, разговара за тоа каква позитивна лекција може да се извлече од настанатата ситуација.