Деветте круга на пеколот за интровертите

Деветте круга на пеколот за интровертите

Интровертните луѓе се одликуваат со одредени карактеристики кои се лесно забележливи. Тие се најчесто повлечени во себе, ретко зборуваат, а кога зборуваат го прават тоа јасно и кратко, без многу објаснувања. Дружењето и комуникацијата за нив понекогаш може да биде вистинско измачување. За да можеме поубаво да си претставиме како се чувствуваат интровертите, можеме да ги поделиме во девет круга на пеколот, преземајќи го како модел најпознатото дело на Данте Алигиери. Деветте круга се всушност секојдневните контакти со надворешниот свет, кои за интровертните луѓе најчесто претставуваат вистински пеколни ситуации од кои бараат излез, а најчесто многу тешко го наоѓаат.

(1) Интровертите во деветте круга на „Пеколот“

Прв круг: Поврзување

Во овој круг, интровертните души во мака се превиткуваат и издишуваат, затоа што треба да се ракуваат со луѓето, да пијат кафиња, да одат на ручеци и да ги слушаат останатите како постојано зборуваат. Тие завиваат од мака и се впуштаат во кратки разговори, кои ги истоштуваат.

Втор круг: Зборлести луѓе

Интровертите кои се сместени во овој круг се чувствуваат како нивните души да се заробени во вечен оган со зборлестите усти на таксистите, стоматолозите, масажерите, продавачите, фризерите… Тие чувствуваат дека се притиснати до ѕид и никако не можат да им избегаат на огнените пламени кои излегуваат од устите на злите сили, па постојано мора да одговараат на „бесмислени“ прашања околу тоа каде живеат, со што се занимаваат и други целосно неважни теми.

Трет круг: Организирани активности

Душите сместени во овој круг чувствуваат неверојатно измачување седејќи во група со други души со кои мораат да работат на одредени заеднички задачи или активности. Интровертите во овој круг чувствуваат дека се при крајот на своите сили, особено кога треба да бидат активни во заеднички игри, како што се оние за развивање на меѓусебната доверба, кога треба да започнат разговор и други активности од „групното проклетство“.

Четврти круг: Работа во група

Овој круг најчесто се наоѓа на работното место на интровертните луѓе. За нив тимската работа е едно од најголемите казни што можеле да ја добијат, затоа што, во зависност од нивната професија, многу често се случува да имаат тимска работа. Тие се чувствуваат осудено“затоа што мораат да ги завршуваат работните задачи во групи, а според нив, можат сето тоа да го завршат и сами. Ја мразат тимската работа затоа што таму доминираат еретиците и заповедниците, кои наместо да дадат реален придонес во работата, тие се експонираат вербално и создаваат непотребна бука, нешто што интровертите не можат да го поднесат.

Петти круг: Луѓе кои не можат или не сакаат да читаат говор на тело

Интровертните души кои се наоѓаат во овој круг едноставно не можат да ги поднесат останатите околу себе кои не ги прифаќаат универзалните знаци од говорот на телото, како на пример „Те молам остави ме на мира“. Овие зли мачители едноставно не сакаат да го погледнат знакот кој им го праќа интровертната душа. Тие најчесто ги игнорираат темните очила, отворената книга која што чека да биде прочитана, оскудниот или речиси затворен говор на телото на интровертните души, а го избегнуваат и контактот со очите, од каде многу јасно можат да видат дека не се пожелни во близина. Наместо тоа, овие напаѓачи сакаат да остварат близок контакт, постојано да се смеат и да зборуваат без престан. Интровертите чувствуваат дека нивните души се фрлени во оваа долготрајна бура, без можност да се спасат.

Шести круг: Шопинг центри

Во овој круг на пеколот, интровертните души се чувствуваат како во валкано мочуриште, кое талкаат од едно до друго ниво на бездната. Овој круг претставува особено измачување поради големите гужви и турканици на луѓето, кои немаат никакво чувство за личен простор. Тука се наоѓа и бездната наречена „голема распродажба и сезонски чистки“.

Седми круг: Телефони и телефонски повици

Во овој круг главниот мачител е телефонот. Тука се спакувани душите на огромен број луѓе. Оваа мала кутија не им дава мир на интровертите. Оттаму постојано доаѓаат лоши ветришта и неизбежни телефонски повици на кои тие мораат да одговараат, иако тоа не е по нивна волја.

Осми круг: Непотребно узурпирање на простор

Во овој круг, и покрај неограничениот простор, интровертните души мораат да ги трпат оние кои немаат чувство за личен комфор. Иако местото во кое се „заглавени“ е речиси празно, во нивна непосредна близина секогаш има бучни луѓе, кои создаваат немир и седнуваат многу блиску до нив. Во оваа јама на пропаста, се зборува гласно, а децата пискаат без никаква причина.

Деветти круг: Ниво на Сатаната

Ова ниво е дното на пеколот. Длабочина обвиена во темнина. Тука владее Сатаната, поради што гревот, лошите дела и злите сили се неизбежни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар