КАФЕ ПАУЗА

Кози како домашни миленици: Зошто тие стануваат исти како кучињата?

Ако имате куче знаете дека тоа е најдобриот пријател на човекот и секојдневно сè повеќе се уверувате во таквото тврдење. Но, едно ново истражување објавено во „Biology Letters“ неодамна откри дека козите се припитомуваат, но и однесуваат на сличен начин како и кучињата.rnrn(1) Научниците велат: Козите можат да бидат миленичиња исто како кучињатаrnrnНаучници од Универзитетот Кралицата Мери во Лондон спровеле еден експеримент. Тие на козите им понудиле кутии кои било невозможно да ги отворат, а во нив имало вкусна закуска, примамлива за овие животни. По неуспешните обиди да стигнат до храната, го сториле она што го прават и кучињата: Почнале копнежливо да гледаат кон најблискиот човек до нив велејќи му со погледот „Здраво. Може малку помош?“.rnrnДобиените резултати биле споредени со резултатите од слични експерименти во кои биле набљудувани мачки и волци. Мачките, кога се наоѓале во таква ситуација ги игнорирале луѓето од околината, додека волците упорно сами продолжувале во битката да дојдат до вкусната храна.rnrnОва значи дека во блиска иднина може да галите некоја прекрасна коза која удобно ќе лежи до вас на каучот пред телевизорот.rnrnВо краткото видео може да видите дел од спроведениот експеримент.rnrn