Самото име Стивен Кинг веднаш се поврзува со хорор, но навистина не е лесно да се одберат неговите најстрашни ремек-дела. Кинг го заслужил своето место во светот на ужасот кога ја објавил познатата „Кери“ (Carrie) во 1974 година. Додека оваа книга била адаптирана за филмското платно, Кинг веќе го објавил новиот роман „Судбината на Ерусалим“ (Salem’s Lot). Бројот на неговите книги полека се зголемувал и за кратко време Кинг изградил сопствена империја на хоророт која владеела во 80-тите.rnrn
rnrnВоопшто не се за потценување и неговите книги кои не припаѓаат на жанрот хорор како што се „Зелената милја“ (The Green Mile) и „Рита Хејворт и бегството од Шошенк“ (Rita Hayworth and the Shawshank Redemption), но постои нешто посебно кај хоророт на Кинг. Доколку сте расположени во ведрите летни денови да внесете малку мрак и стимулација на психата, нема да погрешите со Стивен Кинг. Во продолжение прочитајте кои се неговите најстрашни книги од кои дефинитивно ќе ве полазат морници.rn
1. „Тоа“ (It)
rn
rnrnОваа хорор книга е можеби главната причина зошто некои луѓе се плашат од кловнови. Ужасното суштество се буди на секои 27 години и ги тероризира жителите на Мејн, гостејќи се со нивното вкусно месо. Една од најдолгите книги на Кинг која се чита во еден здив.rn
2. „Судбината на Ерусалим“ (Salem’s Lot)
rn
rnrnНосители на дејството во вториот роман на Кинг се група ловци на вампири кои се борат против мрачните суштества чија закана дека ќе го уништат целиот град ги ужасува сите исплашени жители. Никогаш нема да можете да ги заборавите децата вампири кои лебдат, како и морничавата легенда за градот откако ќе ја прочитате оваа книга.rn
3. „Сјаење“ (The Shining)
rn
rnrnНадежен писател заедно со неговата жена и син се вселуваат во еден изолиран хотел за да го одржуваат додека не започне сезоната. Хоророт започнува кога хотелот Оуверлук ќе почне да ја открива својата ужасна историја како и желба дека посакува нов дух да живее таму засекогаш.rn
4. „Гробишта за миленици“ (Pet Sematary)
rn
rnrnОткако семејството Крид ќе се всели во нов дом, нивната мачка и најмал син загинуваат во трагични несреќи. Но, соседот ќе им открие мала тајна која ќе изгледа како идеално решение за нивната тажна судбина: Древни гробишта од каде закопаните секогаш се враќаат назад.rn
5. „Деца на пченката“ (Children of the Corn)
rn
rnrnЕден пар возејќи со автомобилот случајно ќе прегази едно момче во Небраска и ќе го однесе во Гатлин, најблискиот град. Но, никој што живее таму не е постар од 19 години, а главниот во градот не ги сака баш посетителите…rn