Археолозите пронашле алати стари 700 години создадени од страна на мајмуните
Изгледа човештвото не е единствениот вид кој успеал да влезе во камената доба. Познато е дека мајмуните како шимпанзо, капучин и макаки користеле камени алати за нивните потреби, но неодамнешните откритија ги натерале научниците да погледнат кон една важна страница од животинската историја од сосема друг аспект.
Барајќи ги живеалиштата на мајмуните, научниците од Универзитетот Оксфорд нашле многу камени алати направени за работа. Извршена е проценка дека овие предмети пронајдени во Бразил се стари не помалку од 700 години и несомнено се изработени од страна на мајмуните капучин. Се чини дека овие мали мајмуни ја откриле употребата на чеканот и длетото многу порано отколку што можеме да си замислиме. Имено, бразилските капучин мајмуни ги користеле овие камени алати за да отвораат индиски ореви.
Ова е најраниот археолошки пример на употреба на алати од страна на мајмуните надвор од Африка. Постојат уште некои археолошки докази кои покажуваат дека дивите макаки мајмуни на брегот на Тајланд користеле камени алати со децении за да ги отвораат школките и оревите.
Мајкл Хаслам, автор на овој проект, кој се посветил на археологија на приматите, смета дека ова откритие може да го смени нашиот поглед на животинскиот развој и еволуција. Научникот дури и ја предложува теоријата дека нашите предци ги научиле нивните работни вештини од древните мајмуни.
Ова фасцинантно откритие го доведува до прашање досегашниот факт дека луѓето се првите создавачи на оваа планета. Во продолжение, погледнете го следново видео во кое ќе можете да видите дел од ова неверојатно истражување.
Како тоа 700 години стари? Ако се толку години стари, што не е ни најмалку стара историја, големи се шансите да се од човек.
„…се стари не помалку од 700 години и несомнено се изработени од страна на мајмуните капучин…“
Фино проверувајте што преведувате.
Информациите се точни и проверени. Можете слободно да го погледнете видеото на крајот кое е објавено од страна на Универзитетот Оксфорд за подетално објаснување.